Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш со соопштение до јавноста и презентација на сегашниот и идниот изглед на централното градско подрачје

Media Press

Published

на

Врз основа на објавената информација од дискусијата на последната седница на Совет, во врска со реконструкцијата на градското шеталиште во Радовиш, односно улицата и плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ и улица „22 Октомври“ и реакцијата од страна на одредени граѓани, Општина Радовиш го објави следното СООПШТЕНИЕ:

„Почитувани граѓани,

Информирани сме дека деновиве на социјалните мрежи одредени неупатени поединци, тргнувајќи од лични интереси задскриени и со политикански конотации, ги дезинформираат граѓаните и ги доведуваат во заблуда, користејќи тенденциозни дезинформации и невистини.

Имено, се работи за проектот за уредување на централното градско подрачје, кој е составен дел на Програмата за уредување на градежно земјиште,изградба,реконструкција и одржување на комунални објекти и локални патишта во општина Радовиш, донесена од Советот на општината на седницата одржана на 05.01.2021 година која ние интензивно и посветено ја реализираме.

Пред донесувањето на секоја годишна Програма, општината покрај своите идеи, користи и мислења од месните заедници и поединци кои поднеле барања за реализирање на проблеми за кои сметаат дека се приоритетни. Така и овој пат, почитувајќи ги барањата на граѓаните, изработивме современ проект за уредување на централното градско подрачје со цел да истото се ревитализира со нови содржини за негово заживување, бидејќи сме сведоци дека во последните неколку години ја има изгубено функционалноста во однос на неговиот првичен проект.

Заради Ваше информирање, а со најдобри намери да се избегнат непотребни недоразбирања со поединци кои заради неинформираност, тенденциозно се борат за нереализација на овој проект, слободни сме да Ве известиме за следното:

Се работи за проект кој на централното градско подрачје ќе му даде нов облик и сјај кој ќе биде применлив најмалку за следните 20 – 30 години.

Ќе се овозможи проодност за возила со регулиран режим на сообраќај за дотур на стоки во одреден временски период од денот и воедно ќе се овозможи несметан пристап за интервенции на итна служба, противпожарни возила и за други интервенции.

Воопшто не се работи за изградба на нови улици за проток на возила (коловоз, ивичњаци и др.). Напротив, ќе се отрстанат одредени постоечки објекти кои ја оптеретуваат функционалноста на просторот.

Просторот ќе се оплемени со нови содржини (зеленило, клупи, нови канделабри и друга урбана опрема), а движењето на пешаците ќе биде на поголема површина од сегашната.

Ќе се вработат лица кои ќе се грижат само за одржување и функционирање на централното градско подрачје.

За работите да бидат уште појасни, во прилог е презентација на сегашниот и идниот изглед на централното градско подрачје.

Почитувани граѓани, ја очекуваме Вашата соработка.

На поединци на кои не им одговара интензивната градба во општината им порачуваме дека, Посветено градевме, градиме и ќе градиме.

Со почит од општина Радовиш“, се вели во соопштението од општината.

Идниот изглед на централното градско подрачје:

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, осветена е водата во сите црковни храмови

Media Press

Published

на

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше осветена водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. 

Денеска се осветуваат водите во црковните храмови а утре се осветуваат сите води во реките, базените и езерата.

Во црковните храмови Свети Пророк Илија и Света Троица во Радовиш  верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение.

Богојавление или водици се празнува секоја година во чест на крштевањето на Исус Христот во реката Јордан уште пред околу 2000 година. Утре ќе бидат осветени водите во сите реки и базени и ќе биде фрлен светиот крст во нив . Во Радовиш светиот крст ќе биде фрлен во базенот Шампион во 11 часот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“

Media Press

Published

на

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во базенот „Шампион“.  Како што информираат од Православната црква од Радовиш за Богојавленските празници на 18 јануари во двете градски цркви со почеток во 07 часот  ќе се одржат Царски часови, Литургија и Голем Водосвет.

На 19 јануари во среда во двете градски цркви ќе се одржи Утрена Литургија со почеток во 07:30 часот. Во 10:15 часот од црквата Свети Пророк Илија со Литија,  која ќе се придружи на верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот „Шампион“. Во 10:45 часот ќе се освети водата во Базенот по што  ќе биде фрлен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот.

Сите оние кои ќе влезат во базенот по Светиот крст треба да имаат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари  до 19 часот да се пријават во црковниот храм Света Троица во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска се празнуваат два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица

Media Press

Published

на

Денеска православната црква празнува два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од неговото раѓање се носело во храмот каде било обрежувано и му било давано име. Обрезание Христово се однесува на обрежувањето на Господ Исус Христос

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики на кој народот му дава поголемо значење  и е попознат како Василица и е домашна слава на многу семејства. По тој повод во црковниот храм Св.Троица во Радовиш, денеска беше одржана света Василичарска божествена литургија.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија.  Како светец бил прогласен по неговата смрт. 

Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката.

Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица, пред кој верниците веќе 25 години се поклонуваат.

Традиционално спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне паричката ќе биде кум наредната година и ќе го организира дочекот на Стара Нова година или василичарски огнови за Василица. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат староградски  и народни песни до рано изутрина.

Оваа традиција во Радовиш и околните населени места се негува со децении. Според православната црква Василичарските огнови и маски,  се сметат како наследство од предхристијанството и се пагански обичаи.

Прочитај повеќе