Радовиш
Започна реконструкцијата на велосипедската и пешачка патека на булеварот во Радовиш и на улицата „Свети Спасо Радовишки“
Објавено на
Од
Media PressЗапочнаа градежните активности за обнова на велосипедската и пешачка патека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш, проект кој го реализира Општина Радовиш со средства од сопствениот буџет.

Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на Одделението за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска извршија увид во градежните активности.

Исто така Општина Радовиш започна и со обнова на коловозната лента на ул. „Св.Спасо Радовишки“ од ресторан Амбасадор до зградатата на Јака Табак (Монополот).

За реконструкција на оваа улица и на уште неколку улици во градот, општината издвои околу 2 милиони и 400 илјади денари. Изгребаниот асфалт се користи за тампонирање на локалниот пат кон градската депонија.

Во овој период како што изјави Конзулов се работи и на други проекти меѓу кои и оградување на просторот околу училиштата во селата Калаузлија и Аликоч, со што зградите добиваат функционален простор и безбеден двор за учениците.

Поврзани содржини

Пуштена за сообраќај првата делница од новиот булевар Струмица – Дабиље

Лишен од слобода возач во Радовиш, управувал возило 2,71 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Во Струмица завршува изградбата на новиот булевар „Братство Единство“ кон Дабиле

Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда на булевар „Александар Македонски“

Приведено лице кое на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници

Автомобил удрил во пешак на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

