Connect with us

Радовиш

Воскресение Христово – Трет ден, Митрополитот Брегалнички Господин Иларион одржа Света божествена литургија во црквата Света Троица во Радовиш

Media Press

Published

на

Православните хестијани овие денови го слават Христивото воскресение Велигден. Со одржување на Свети божествени литургии во црковните храмови, втора година по ред во услови на пандемија, се слави најголемиот празник меѓу празниците. Верниците ги посетуваа црковните храмови со молитва и со радост да го прослават Христовото воскресение

Денеска се слави Воскресение Христово – Трет ден и во црковниот храм Света Троица во Радовиш, Света Божествена литургија одржа Митрополитот Брегалнички Господин Иларион во сослужение со свештените лица од радовишката црква, во присуство  на мал број верници поради актуелните препораки за заштита од Ковид -19. 

Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

На денешната Божествена литургијата во црковниот храм Света Троица беа присутни и  градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев и претеникот од Радовиш во македонското собрание Коле Чаракчиев.

Велигденските празнувања траат три дена, а на Велигденскиот вторник продолжуваат гозбите и веселбите на кои доаѓаат роднините, кумовите, соседите и пријателите, па во тоа време се собираат и роднините од подалечните краишта.

Радовиш

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители, ПС Радовиш го одбележа 7-ми Мај Денот на Македонската полиција

Media Press

Published

на

На скромен начин  со положување на свежо цвеќе денеска беше одбележан 7-ми Мај Денот на Македонската полиција, од страна на полициската станица во Радовиш.    

Денот на Македонската полиција од името на Полициска станица Радовиш  го честита началникот на  ОВР Радовиш Спасо Трајков.

На Споменикот на загинатите бранители, во дворот на полицискитата станица свежо цвеќе положија; Делегација предводена од началникот на СВР Струмица , делегација предводена од началникот на ОВР Радовиш Спасо Трајков, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, претставници од семејствата на загинатите бранители, командирот на Полициска станица Радовиш Борче Крстев и претставници од Македонскиот полициски синдикат.

Во рамките на одбележувањето на денот Македонската полиција беше спроведена и  превентивна активност со делење заштитни маски на граѓани од страна на полициски службеници во центарот на Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

Media Press

Published

на

Честитка до сите припаднците на македонската полиција по повод денешниот празник упати градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

„Ви пожелувам професионален и личен успех и воедно би сакал да Ви се заблагодарам од името на Општина Радовиш за професионалноста во работењето и заштитата на граѓаните и темелните општествени вредности“, стои во честитката од градоначалникот Конзулов.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршен голем комунален проект во Јаргулица, Општина Радовиш

Media Press

Published

на

„По завршувањето на градежните работи, селото Јаргулица доби нов изглед а жителите уреден пристап до своите домови“, вели градоначалникот  на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Со овој проект како што наведува градоначалникот Конзулов, изградени се три нови улици а со тоа е уреден пристапот до околу 1/3 од домовите во селото.

За првпат изградена е нова фекална канализација, а изведен е и зафат за регулација на реката и пороите.

Конзулов најавува продолжување на пролетната градежна офанзива!

Прочитај повеќе