Connect with us

Радовиш

Трет ден Велигден, православните христијани го слават Воскресението Христово, најважниот верски празник во православниот календар

Avatar

Published

на

Воскресение Христово  се случило на третиот ден  Недела, по неговата смрт на Велики Петок. Велигденската служба започнува на полноќ во Сабота спроти Недела

Годинва голем број верници присуствуваа на воскресенските литургии за да го дочекат најголемиот христијански празник Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Денеска во Црковниот храм Света Троица во Радовиш се одржа Свет божествена литургија во сослужение на Владиката брегалнички Иларион.

Сите православни христијани во овие денови  се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ на што се одговара „Навистина воскресе“.  

Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. Тој и рекол на Марија ќе поверувам дека Исус воскреснал кога јајцата во кошницата ќе станат црвени, што во истиот момент станале црвени. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник. Веднаш по дочекувањето на Воскресението Христово присутните во црковните храмови и во домовите  се кршат со црвени јајца. За Велигден се подготвува богата трпеза со разновидна храна, пред се со јагнешко но и друг вид на месо, салата, колачи, велигденска торта и блага погача-штрудла и задолжително црвени јајца. Домовите се украсуваат со разни велигденски украси

Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници. Кај припадниците на православната вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај.

Дел од деншната Велигденска божествена литургија беше и црковниот хор Свети Спасо Радовишки од Радовиш.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе