Регион

Викендот во Југоистокот се регистрирани 114 нови случаи на Ковид -19, а над 2000 на ниво на држава

Вокендот во земјава се направени  7501 тестирања, а регистрирани се 2028 нови случаи на КОВИД-19,  согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од вкупно регистрираните, во Југоисточниот регион се евидентирани  114 нови случаи: Гевгелија – 48, Струмица – 37, Радовиш 11,  Богданци 9, Валандово 6 и Дојран 3.

За два дена пријавени се вкупно 68 починати лица од нив 5 во регионот, 3 пациенти од Струмица и 2 од Гевгелија.
Сите се починати во болнички услови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, според бројот на активни случаи во Јогоистокот на прво место е Гевгелија со 393 активни случаи, Струмица 323, Радовиш 112, Валандово 77,  Богданци 81 и  Дојран 11 активни случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago