Премиерот Зоран Заев по денешната средба со Мицкоски рече дека пописот се одлага и дека се
договориле за одблокирање на Собранието и донесување на неколку важни закони.
Премиерот Заев кажа
дека уште утре ќе се почне со измена на Изборниот законик во кој ќе се внесе
гласање со отисок од прст, како дел од договорот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,
Христијан Мицкоски.
„ Разговаравме на тема
попис. Заради можноста да се прими и втора вакцина на попишувачите разговаравме
за одложување на пописот
од 5 септември до 30 септември, а изборите
од прва во втора половина на октомври. Притоа многу е важно што она што значи
имунизација на населението согласно очекувањата да до крајот на април имаме 350
илјади вакцини, кои што почнувајќи од среда ќе значи имунизација на граѓаните. Предлогот
од господинот Мицкоски го прифативме за потоа сите да повикаме на попишување“
рече Заев на прес- конференција.
Притоа
што е важно. Важно е што
дијаспората ќе продолжи да се попишува и ги повикувам нашите граѓани во
странство, да се попишат согласно до 30 септември. Ова е важна статистичка операција. Логично е
дека внимаваме да не се поклопи кампањата со пописот, така што таа ќе се одложи.
Делот кој што го договоривме за одблокирање на Собранието е важен, односно
законите како што се за легализација на бесправни градби, петтиот пакет мерки,
законите за Клинички центар, АВМУ/МРТВ закони кои се заглавени повеќе од година
и пол, Законот за државјанствата, законите за пензионирање, законите за
екологијата, законите од европската агенда“, додаде Заев.
Верувам дека во периодот кој престои ќе има покомфорна атмосфера и законодавниот дом ќе биде одблокиран. Прифативме уште утре да влезе во Изборниот законик гласањето со отисок од прст. Со самиот Изборен законик земавме обврска да започнат да работат групи и да се разговара за отворени листи, како и за барањето на избори во еден изборен круг. Но, и да се разговара за една изборна единица за парламентарни избори“, рече Заев.
Дека е договорено одлагање на пописот потврди и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.