Македонија

Кои лица први ќе се вакцинираат со вчера пристигнатите вакцини

Вчера пристигнаа 24.000 вакцини од „Астра зенека“ од Ковакс механзимот, преку кој до крајот на април се најавени уште 76.000 вакцини од истиот производител, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“. Вакцинацијата со вчера пристигнатите вакцини на „Астра зенека“,  треба да стартува од среда во вакциналните пунктови во здравствените домови, додека дозите од „Спутник В“ се наменети за ревакцинација на 3000 здравствени работници.

Министерот за здравство Венко Филипче при приемот на вакцините на „Астра зенека“ на скопскиот аеродром информира дека со нив први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови, каде вакцинацијата ќе ја спроведува кадар со искуство.

Филипче им се заблагодари на меѓународните претставници за помошта за транспортот и приемот на вакцините, изразувајќи надеж за континуитет на доставата на вакцини преку Ковакс механизмот.

По повод пристигнувањето на вакцините се огласи и ВМРО-ДПМНЕ, која оцени дека тие се само „капка во морето“ и дека покрај што „нема вакцини, нема ни медикаменти, а граѓаните молат кај стигнат за терапија“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago