Connect with us

Радовиш

(Видео) АНКЕТА: Дали радовишани би се вакцинирале и нивното искуство со Ковид -19

Media Press

Published

на

Во недела ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека” преку Ковакс системот, со што, како што е предвидено согласно распоредот за вакцинирање, треба да почне вакцинацијата на населението, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Засега се вакцинираат само здравствените работници, а со оваа вакцина се очекува да започне вакцинирањето на старите и хронично болни лица.  Ги прашавме радовишани што мислат за вакцините и дали би се вакцинирале.

Повеќето одговорија дека би се вакцинирале за да се заштитат, но некои со резерва спрема вакцините, односно немаат доверба.

Од Власта очекуваат граѓаните во Македонија масовно да ја прифатат вакцинацијата којашто ќе започне со првите 24 илјади дози вакцини кои пристигнуваат во недела.

Радовиш

За спроведување на пописот во Општина Радовиш потребни се 66 попишувачи и 7 реонски инструктори

Media Press

Published

на

Општина Радовиш ги повикува сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република  Македонија.

За спроведување на пописот на подрачјето на Општина Радовиш потребни се 66 попишувачи и 7 реонски инструктори.

„Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент.

Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето“ стои во известувањето од Општина Радовиш.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Апликацијата за електронско пријавување: https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска се одржа конститутивната седница на Локалното собрание на млади на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Денеска се одржа конститутивната седница на Локалното собрание на млади на Општина Радовиш, на кое беше избран претседател на Локалното собрание, по што ќе следува основање  на Совет на млади како советодавно тело на општината.

Градоначалникот Герасим Конзулов им посака успех во работа со искрена желба да бидат носители на младинскиот активизам и прогресот во општината.

„Верувам дека Локалниот младинскиот совет ќе предлага иницијативи и ќе нуди креативни решенија за проблемите кои ги засегаат младите луѓе и граѓани.

За секое прашање, иницијатива или идеја со која се унапредува нашата заедница ја имате мојата поддршка“ рече Конзулов.

Игор Чапов вработен во општина Радовиш го појасни самиот процес на формирање на локалното собрание, од објавувањето на јавниот повик до денеска.

Службеникот за млади Душан Хаџи-Васлев појасни која е целта за формирање на Локалниот младински совет.

За претседател на собранието беше избрана Маја Ужевска, по што беше одржана и првата седница на Локалното собрание на млади. За седницата беа предвидени две точки на дневниот ред; Предлог Деловник за работа на Локалното собрание на млади и распишување на јавен повик за формирање на Локален младински совет.

Прочитај повеќе

Радовиш

Заврши петтата по ред образовна програма на Creative Fellowship 2021, победникот е од Македонија

Media Press

Published

на

Заврши петтата по ред образовна програма на  Creative Fellowship (Криејтив Фелоушип). Оваа година, се бираше само еден победник од сите три држави – Македонија, Украина и Гватемала. Овогодишниот победник е Глорија Велкова од Македонија, која што во август ќе замине на еднонеделно бесплатно патување во Салцбург. 

Заедно со Глорија и минатогодишните победници Драган Петров и Тамара Велкова ќе патуваат во Салцбург, на кои што поради ситуацијата со КОВИД-19 и ограничувањата за патувања, лани не им беше овозможено бесплатното патување во Салцбург.

Годинава, од Северна Македонија, во програмата учествуваа вкупно 16 учесници од Радовиш, Штип и Конче, од кои што 14 останаа до самиот крај на курсот и се здобија со сертификати за успешно завршен курс по англиски јазик и историја на уметност. На завршетокот од образовната програма, на сите 14 учесници во Creative Fellowship (Криејтив Фелоушип) 2021, им беше организирана еднодневна екскурзија во Скопје, на која што младите креативци имаа прилика да настапат на импозантната сцена на Македонскиот народен театар и да ѕирнат зад завесите на сцената. Ги разгледаа импозантните градби и споменици на културата и се запознаа со музејското и културно наследство на Република Македонија.

Новиот формат на програмата вклучуваше и часови по модерен танц, а танцувачките способности на учесниците во програмата беа премиерно прикажани на свеченото отворање на Салцбуршкиот фестивал на 18-ти јули.

Оценувајќи го талентот на учесниците, на покана од  Салцбуршкиот фестивал, ученичката Елена Наумова доби можност да биде дел од програмата на фестивалот за млади пејачи. Така да, годинава, од Северна Македонија, ќе патуваат 4 млади креативни таленти, кои што ќе имаат едно незаборавно искуство и можност да бидат дел од работилниците организирани од Салцбуршкиот фестивалот, во кои светски признати професионалци ќе им ја покажат оперската магија.

Покрај организираните активности, учесниците ќе имаат можност и за туристичко разгледување на Салцбург, како и дружење со Претседателот на УО на Солвеј, Дан Бронштејн и Претседателката на Салцбуршкиот фестивал,  д-р Хелга Рабл-Штадлер.

Прочитај повеќе