Connect with us

Радовиш

76 активни случаи на Ковид-19 во Радовиш, градоначалникот Конзулов со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките

Avatar

Published

на

Бројот на активни случаи со ковид 19 во Радовиш се исчкачи на 76.

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов апелира до граѓаните на почитување на здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид -19, имајќи во предвид дека бројот на нови случаи секојдневно расте.

„Во последниот месец бележиме раст на активни случаи на ковид-19 и се наоѓаме во екот на третиот бран од почеток на пандемијата.

Апелирам на почитување на здравствените мерки и протоколите. Комисијата за заразни болести одлучи дека мерката за полициски час треба да остане и јас ја подржувам нивната одлука“, вели во својот апел градоначалникот Конзулов.

Тој додава дека во следните недели се очекува да пристигнат значителен број вакцини, а дотогаш граѓаните да останата одговорни и да продолжат да ги почитуваат превентивните мерки.

Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во регионот најголем број се во Струмица – 21, Гевгелија– 13, Радовиш денеска 7 и Валандово -4.

Инаку во текот на вчерашниот ден беа регистириани рекордни 30 починати лица во земјава и 457 нови случаи на ковид-19. Во Југоистокот најголем број во Гевгелија 15, Струмица 9, Радовиш и Богданци  по 2.

Од пријавените вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година, едно лице беше од Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Според епидемиолошки анализи по градови во регионот, најголем број на активни случаи во моментот има во Гевгелија 324, потоа во Струмица 259, Радовиш активни 76, Валандово активни 75,Богданци  активни 70 и Дојран со најмалку во регионот 9 активни случаи.

Радовиш

Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје

Avatar

Published

на

Вчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.

Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.

Изложбата ќе биде отворена до 25 март.

Прочитај повеќе

Радовиш

Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком

Avatar

Published

на

По повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.

Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.

Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.

Мерење на очен притисок со контакт
Безконтактен апарат

Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.

Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.

Прочитај повеќе

Радовиш

Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица

Avatar

Published

на

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе