Балкан
Србија го одложува пописот, кај нас започнува од 1 април

Published
4 недели agoна
By
Media Press
Националниот завод за статистика во Србија донесе одлука да се одложи пописот на населението, домаќинствата и становите за 6 месеци и наместо во април да се одржи во октомври.
Ваквата одлука е донесена поради лошата епидемиолошка сосотојба во државата со корона вирусот која може да ги загрози подготивките и спроведувањето на оваа најважна и скапа статистичка операција.
Во периодот додека се спроведува пописот директно се изложени на ризик и вработените во Заводот поради комуникација со учесниците во истиот, инструктори, попишувачи, пописни комисии и други лица ангажирани за попишување на специфични категории граѓани.
Најризичен е делот од пописот со изборот и обуката на 20.000 кандидати за инструктори и попишувачи, како и 15.000 попишувачи кои треба да излезат на терен и во рок од месец дена да ги посетат домаќинствата и да го попишат целото населението.
Во пописот се вклучени лица сместени во домови за стари лица, психијатриски болници, домови за деца без родителска грижа, студенти и ученици во студентски домови и пансиони, мигранти во прифатни центри и други категории на население во колективно сместување кои имаат поголем ризик од инфекција, а поради одложувањето на пописот, за в година ќе се одложи и пописот на земјоделството во Србија, кој беше планиран за октомври.
Од Републичкиот завод за статистика наведуваат дека при донесената одлука за одложување на пописот во Србија влијаеле повеќе фактори. При што најважната била да се осигури здравјето на граѓаните и попишувачите, а ја имале предвид и препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот.
Во Македонија пописот треба да започне од 1 април и покрај секојдневното регистирирање по околу 1000 нови случаи на Ковид -19, оваа статистичка операција кај нас засега не се одлага.
Поврзани содржини
Пoписот се одлага за во септември, договорено е на денешната лидерска средба
Според ДЗС досега се самопопишале 130 009 македонски државјани од дијаспората
Тестирањето на попишувачите и инструкторите ќе се спроведе на 11 и 12 март
Усвоен Протоколот кој има за цел безбедно попишување на населението
ВМРО -ДПМНЕ собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис
Од денес започнува пописот, за првпат се попишува и дијаспората
Балкан
Балканот се простува со Ѓорѓе Балашевиќ

Published
2 месеци agoна
февруари 20, 2021By
Media Press
Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ја загуби битката со ковид – 19. Неговата трагична смрт го потресе целиот Балкан.
Na плоштадот Слобода во Нови Сад, илјадници луѓе излегоа на улиците да му оддадат почит и да запалат свеќа.
Загреб беше еден од многуте градови каде луѓето излегоа на плоштадот да се простат од починатиот Ѓорѓе Балашевиќ. Беа запалени и свеќи за „паноноскиот морнар“.
Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад, во семејството на неговиот татко Јован Балашевиќ и Вероника Доленец, од Расиња кај Копривница во денешна Хрватска. Почина на 67 годишна возраст.
Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Балашевиќ има издадено 14 албуми. Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката. Живеел и работел во Нови Сад. Бил оженет и имал три деца Јована и Јелена и Алекса.
Балкан
Словенија ги олабавува мерките, но останува полицискиот час

Published
2 месеци agoна
февруари 15, 2021By
Media Press
Државниот секретар на Министерството за здравство, Аленка Форте на денешната прес-конференција за актуелната состојба во врска со болеста КОВИД-19 изјави дека во согласност со одлуката на владата за ослободување на некои мерки засновани на премин од црвена во портокалова фаза, основните училишта денес повторно се отвораат за сите ученици од последната година, сите продавници и голем број услужни активности.
„Мора да бидеме свесни дека ослободувањето на мерките не значи дека не треба да следиме превентивни мерки пред ширењето на инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2. Напротив, нагласи Форте, уште поважно е да ги почитуваме и да се придржуваме до нив, бидејќи само на овој начин ќе можеме да го намалиме бројот на заразени и бројот на хоспитализирани, што ќе ни овозможи дополнително ослободување на мерките.“ – Изјави таа на прес конференција
Таа исто така потенцираше дека Министерството бара решение како да се овозможи бесплатно издавање на уверението, со цел да се минимизира товарот врз здравствениот систем, а истовремено да се обезбедат кредибилни податоци.
Балкан
Карантин за сите граѓани кои при влез во Бугарија нема да покажат негативен ПЦР-тест

Published
3 месеци agoна
февруари 2, 2021By
Media Press
Бугарските државјани и сите лица со постојан или долготраен престој во Бугарија од денеска при влез во земјата доколку немаат негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин заедно со членовите на нивните семејства.
Оваа одлука е донесена вчера од Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.
Директорите на регионалните здравствени инспекции можат да го укинат карантинот на соодветни групи лица кои пристигнале во Бугарија во периодот од 29 јануари до 1 февруари. Услов е граѓаните да достават документ кој покажува негативен резултат од PCR тест направен во рок од 24 часа од влегувањето во сила на оваа наредба. Во такви случаи, карантинот се укинува во рок од 24 часа по поднесувањето на документот.

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
