Балкан
Грција бележи пораст на бројот на нови случаи со Ковид – 19, потврдени се нови случаи и со делта сојот
Објавено на
Од
Media Press
Трет ден Грција бележи раст на бројот на новозаразени од Ковид -19, а денеска по пауза од месец и половина се регистрирани над 2.000 нови случаи, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24 часа регистрирани се 2.107 новозаразени, починаа десет лица, а 153 се приклучени на апарати.
Најголемиот број, повеќе од половина нови случаи, односно 1.115 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 241 на островот Крит.
За влез во Грција и понатаму остануваат на сила веќе активните мерки, но бројот на нови случаи сепак е во пораст. Ако патувата во Грција потребно е да приложите еден од овие документи: Сертификат за вакцинација со поминати минимум 14 дена од примањето на втората доза, Негативен ПЦР тест не постар од 72 час или брз тест направен до 48 часа пред патувањето или пак потврда за прележан Ковид како и пополнет ПЛФ формулар. Тестови не се потребни само за децата до 12 години.
Поврзани содржини

75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажа во Грција

Зголемен број на возила на македонско-грчката граница, во функција се сите човечки и технички капацитети

МНР: Засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја од пожарот во Грција

По повод трагичната железничка несреќа во Грција, Османи му понудил помош на Дендиас

И според последните податоци има нови случаи на Ковид -19 во Радовиш

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во Македонија се искачи над 20.000, расте бројот и во Југоистокот
Балкан
Резултати од изборите: Парламентарни 2026 Република Србија – според РИК
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
Република Србија: Вкупен број на регистрирани гласачи: 6.451.292
Бројот на гласачи кои излегоа: 4.302.448 (се однесува на бројот на обработени гласачки места )
На предвремените парламентарни избори во Србија учествуваа вкупно 18 изборни листи со 2.418 кандидати кои беа вклучени во трката за пратенички места.
Од овие 18 изборни листи, девет имаа статус на листи на национални малцинства.
Табеларен приказ на резултатите од изборите за четирите најголеми градови во Србија (Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац):
Табеларен преглед на табелата:
| Град | Листа на А. Вучиќ (СНС) | Студентска листа | Разлика |
| Белград | 31.95% | 63.61% | +31.66% во корист на Студентска листа |
| Нови Сад | 31.88% | 63.80% | +31.92% во корист на Студентска листа |
| Ниш | 35.51% | 60.44% | +24.93% во корист на Студентска листа |
| Крагуевац | 35.87% | 58.53% | +22.66% во корист на Студентска листа |
Дијаспора 38.50% 61.50%
Податоци од: 26.10.2026 19:30:00
Балкан
Бранот протести во Албанија: Барања и реакција на власта
Published
4 недели agoна
октомври 19, 2026By
Media Press
Во Тирана и другите поголеми градови во Албанија ескалираа масовни, студентски и антивладини протести. Иако започнаа како студентски марш поради состојбите во образованието, тие брзо прераснаа во општонародно незадоволство и добри дел од собири завршија со жестоки судири со полицијата.
Масовните протести во Албанија, кои започнаа поради социјални и студентски барања, прераснаа во сериозна политичка криза со насилни судири меѓу граѓаните и полицијата на улиците во Тирана.
Демонстрантите и опозицијата бараат итна оставка на премиерот Еди Рама, преодна влада, поостра борба против системската корупција и подобрување на економскиот стандард и условите за младите. Покрај политичките барања, студентите инсистираат на поголем буџет за образованието, пониски школарини и подобрување на условите во универзитетите.
Премиерот Еди Рама категорично ги одбива барањата за оставка, порачувајќи дека власта се менува исклучиво на избори, а не со улични притисоци. Тој ги обвини опозицијата и надворешните фактори дека го злоупотребуваат незадоволството за дестабилизација на земјата и закочување на нејзиниот европски пат, додека полицијата жестоко реагира на секој обид за насилство пред државните институции.
Балкан
Трајков од Белград: Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку нивни креатори
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на втората Конференција посветена на женското лидерство, организирана од Владата на Република Србија. На конференцијата свое обраќање имаше и поранешната прва дама на Република Србија г-ѓа Тамара Вучиќ, на кој беа отворени прашања од значење за унапредувањето на улогата на жените во лидерството, политиката, економијата и општеството.

Во своето учество, заменик-министерката се осврна на потребата од создавање нова генерација жени лидери и посилно регионално поврзување, истакнувајќи дека иднината на Западен Балкан зависи и од квалитетот на соработката меѓу жените од регионот.
„Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку и креатори на политиките“, порача проф. д-р Трајков, нагласувајќи дека политичкото учество на жените не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на квалитетот на демократијата.
Таа посочи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, но токму заедничките искуства претставуваат можност за градење регионални решенија.
Како особено важни области за соработка ги издои образованието и развојот на вештините, економското зајакнување и претприемништвото, политичкото учество на жените, дигиталната трансформација и пристапот до новите технологии, како и спречувањето и борбата против насилството врз жените и девојчињата.

Заменик-министерката за европски прашања посебно ја нагласи важноста на менторството и поддршката на младите жени, посочувајќи дека жените кои денес се на лидерски позиции имаат одговорност да го пренесат своето знаење и искуство на генерациите што доаѓаат.
„Кога една жена ќе успее, таа треба да ја отвори вратата за друга“, истакна проф. д-р Трајков, нагласувајќи ја потребата од создавање систем во кој младите жени ќе имаат пристап до образование, менторство, професионални мрежи, лидерски можности и процесите на донесување одлуки.

Во контекст на технолошкиот развој, заменик-министерката за европски прашања се осврна и на можностите и ризиците што ги носат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Таа порача дека жените не треба да бидат само корисници на новите технологии, туку и нивни креатори, иноватори, истражувачки, претприемачки и носители на одлуки.
На настанот беше истакнато и значењето на партнерствата меѓу институциите, бизнис-секторот, академската заедница, граѓанското општество и младите, како основа за создавање поинклузивна иднина.
„Нашата иднина не е однапред напишана. Ние ја испишуваме. И ако ја испишуваме заедно, таа ќе биде посилна, поправедна и поуспешна“, порача проф. д-р Трајков, повикувајќи на посилна регионална мрежа на жени кои заеднички ќе создаваат нови можности и ќе придонесуваат кон развојот на своите општества.

Учеството на заменик-министерката проф. д-р Трајков на настанот во Белград претставува можност за дополнително зајакнување на регионалниот дијалог и размена на искуства во областа на женското лидерство, со посебен фокус на младите жени и нивната активна улога во креирањето на иднината на регионот.


Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

