Радовиш

Започна реконструкцијата на последниот дел од 8 километри на регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Започна реконструкцијата на делот од регионалниот пат кон планината Плачковица  во должина од 8 километри кој не беше опфатен со претходните две фази. Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов вели дека со ова целосно ќе биде обновен регионалниот пат кон Плачковица после 42 години.

 Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од Шумска куќичка кон градот Радовиш,  а минатата година уште  7 колометри, при што беа реконструирани вкупно 10 километри.   Со оваа последна фаза целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој патен правец кој води кон атрактивната и примамлива за планинарите и туристите, планина Плчаковица.

Од Опшината апелираат до граѓаните да избегнуваат да патуват кон планината Плачковица во временскиот период од 09 до 17 часот кога се изведуваат градежните активности.

Конзулов рече дека во наредниот период следуваат уште неколку  проекти за реализација пред се во областа на инфраструктурата.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago