Државниот
завод за статистика ги објави списоците на кандидати за реонски
попишувачи и реонски инструктори на веб-страницата Попис 2021,
по пописни реони.
Тестирањето
на кандидатите ќе се спроведе на 11 и 12 март, а Комисиите на пописните реони
треба да објават списоци со распоред на групите за тестирање и соодветното
време.
Попишувачите
и инструкторите треба да се јават 30 минути пред почетокот на тестирањето и
задолжително да носат заштитна маска (KN95).
Доколку
немаат доставено по пошта фотокопија од документи во хартиена форма до
Државниот завод за статистика, истите треба да ги достават на денот на
тестирањето. Потребни документи во фотокопија кои треба да се достават се:
1.Доказ
за државјанство – фотокопија од:
-Лична
карта или
-Уверeние
за државјанство или
-Диплома
за завршено образование
2.Доказ
за завршено најмалку средно образование – фотокопија од:
-Свидетелство
или
-Уверение
или
-Диплома
за завршено образование.
3.Писмена
изјава дека немаат засновано работен однос
4.Писмена
изјава дека имаат познавање од работа со персонален компјутер
Точната дата и времето на тестирањето се дадени во списоците кои се објавени на огласната табла на општините, во седиштето на Комисијата за пописен реон.
Контакт-информации за Комисиите на пописните реони можете да најдете на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx