Радовиш
Започна реконструкцијата на последниот дел од 8 километри на регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица
Објавено на
Од
Media PressЗапочна реконструкцијата на делот од регионалниот пат кон планината Плачковица во должина од 8 километри кој не беше опфатен со претходните две фази. Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов вели дека со ова целосно ќе биде обновен регионалниот пат кон Плачковица после 42 години.
Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од Шумска куќичка кон градот Радовиш, а минатата година уште 7 колометри, при што беа реконструирани вкупно 10 километри. Со оваа последна фаза целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој патен правец кој води кон атрактивната и примамлива за планинарите и туристите, планина Плчаковица.
Од Опшината апелираат до граѓаните да избегнуваат да патуват кон планината Плачковица во временскиот период од 09 до 17 часот кога се изведуваат градежните активности.
Конзулов рече дека во наредниот период следуваат уште неколку проекти за реализација пред се во областа на инфраструктурата.
Поврзани содржини

Поставени три сообраќајни бариери на коловозот на улица Плачковица во Радовиш

До денеска трае јавниот повик за упис на членови за млади категории на ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – Радовиш

Пронајдена дрога кај лица од Радовиш, при контроли на планината Плачковица

ФК Детонит Плачковица викендот ги започна подготовките за претстојната сезона

Пронајдени тројцата мотоциклисти, кои на Плачковица се оддалечиле од групата

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

