Connect with us

Спорт

ФК Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово

Media Press

Published

на

Нашиот фудбалски клуб Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово во Сабота на 26.03.2021 година.

Овој натпревар од пролетниот дел на првенството ќе започне во 14:00 часот и ќе се игра според протоколите односно публика нема да биде присутна.

ФК Плачковица минатиот викенд играше против ФК Кожув од Гевгелија каде и двата тима добија по еден бод со резултат од 0:0 на крајот од второто полувреме.

Спорт

Ракометарите на Радовиш ќе ги одмеруваат силите со Металург

Media Press

Published

на

Денес во почеток од 16:00 часот во ракометната екипа на Радовиш ќе се соочува со ракометарите на Металург РА.

Целиот натпревар може да се гледа на стрим во живо преку Јутуб каналот на Ракометна Федерација на Македонија.

Натпреварот ќе се емитува во живо на следниот линк.

Прочитај повеќе

Спорт

РК Радовиш со нови засилувања во нападот

Media Press

Published

на

Пред стартот на плеј-аут натпреварите, тимот на Мијалов го засилува нападот и во своите редови.

Во редовите на РК „Радовиш“ ќе заигра Милош Лојаничиќ – играч на десната бековска позиција со потекло од Србија кој се натпреваруваше повеќе тимови меѓу кои РК Осијек, РК Раднички КГ и РК Спартак Војпут.

На левата бековска позиција во тимот на Радовиш ќе заигра и Петар Ачимовиќ – играч кој може и да игра на левата крилна позиција заедно со најновото засилување на Мијалов, пикерот од Либан, Али Кобеиси.

Прочитај повеќе

Спорт

Пандев: Докажавте дека сте нефудбалски луѓе, спремен сум да се тргнам настрана ако клубовите не одлучуваат во ФФМ

Media Press

Published

на


Горан Пандев вчера преку својот инстаграм профил ја критикуваше структурате на ФФМ. Тој објави слика од замрзнат терен на СРЦ Пандев во Струмица. Сите натпревари кои што требаше да се одиграат викендот се одложени за следниот викенд.

Срамно и жално … уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви… Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес… Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана…“ –напиша Горан Пандев на објавата на својот инстаграм профил.

Прочитај повеќе