Радовиш
Илија Атанасов од БК „Бучим“ од Радовиш со дебитантски настап на Европското првенство во Софија
Published
3 години agoна
By
Media PressРадовишанецот Илија Атанасов од БК Бучим од Радовиш, во составот на македонската репрезентација со солиден настап на Европското првенство за У-15 во Софија, Бугарија, во категоријата до 85 килограми. Како што информираат од клубот, Атанасов загубил од репрезентативецот на Грузија со 7-11.
„Како негов тренер, сум многу задоволен и гледам почеток на негова успешна кариера. Ова беше дебитантски настап на европско првенство. Тој во тешка борба загуби на поени. Од друга страна, неговиот противник загуби во полуфиналето и не го повлеше во репасажот. Инаку, требаше да имаме уште еден преставник на ова првенство, но поради повреда неколку денови пред шампионатот, не можеше да настапи на истото“, вели тренерот Горан Атанасов.
Борачите од БК Радовиш се подготвуваа активно за учество на ова Европско Првенство тренирајќи секојденвно заедно со борачите на БК Балканец од Штип. Тренерот Атанасов уште тогаш најави дека очекуваат добри резултати, на претстојните Европски првенства.
Поврзани содржини
Рудникот Бучим традиционално и годинава им подари новогодишни подароци на најмалите борачи во БК Бучим
Три освоени медали на младите борачи од „Бучим-Радовиш“ на Балканско првенство во Грција
Доделени ваучери на најдобрите спортисти кои успешно ја претставија Општина Конче
На Европско првенство во Загреб ќе учествуваат тројца борачи од БК Бучим, Радовиш
Младите борачи од БК Бучим, Радовиш убедливо најдобри во Македонија во екипна конкуренција за кадети до 17 години
6 освоени медали на БК Бучим од Радовиш на Балканско првенство и Медитерански игри
Радовиш
Отворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш
Published
15 часа agoна
март 18, 2024By
Media PressОтворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од тримесечниот ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш. Изложбата беше организирина во саботата во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш.
Ова е втора година по ред како се организира ваков курс со поддршка на Општина Радовиш, а во органзиација на друштвото на ликовни уметници Рада, со цел подучување и негување на уметноста кај младите и талентирани ученици.
Во присуство на нивните родители им беа додлени сертификати за завршен прв и втор курс.
Изложбата ќе биде отворен во наредните десетина дена после 17 часот, а потоа учениците ќе можат да си ги подигнат сликите, рече Душан Коцев претседател на ДЛУР – Рада од Радовиш, кој заедно со Крсте Тарабунов, ги држеа часовите по уметност на младите уметници.
Градоначалникот Ацо Ристов им честита за добиените сертификати и им посака успех и понатаму да ја негуваат уметноста.
Радовиш
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Published
5 дена agoна
март 14, 2024By
Media PressВо сабота 16.03 со почеток од 9:30 семејството на Сандра Дејановска Крстев, организира добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”. Семејството ги повикува сите добронамерни граѓани да се вклучат во маратонот, билетите за учество веќе се пуштени во продажба, а можат и да се купат и на самиот почеток на маратонот во сабота. Билетите се по цена од 200 денари.
Сандра Дејановска Крстев е наша сограѓанка кој боледува од редок вид на канцер, таа моментално е на лекување во Турција. Лекувањето е долго и макотрпно, семејството се надева на големата животна победа на Сандра. Сите ние можеме да се вклучиме. Маратонот почнува пред Спортската сала 25 мај во Радовиш, и продолжува по булеварот Александар Македонски.
Радовиш
Петрова: Малите и средни компании се витален дел од македонската економија
Published
6 дена agoна
март 13, 2024By
Media PressДополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со градоначалникот Ацо Ристов и секретарот Љупче Почивалец, посетија неколку мали и средни компании во Општина Радовиш, кои се витален дел од македонската економија.
Петрова рече дека целта на ваквите посети и да се видат проблемите со кои се соочуваат овие компании и на кој начин може да им се помогне, бидејќи како што рече малите и средни компании се црвените крвни зрнца на македонската економија.