Connect with us

Економија

Анализа на Организацијата на работодавачи за петтиот пакет мерки

Media Press

Published

on

Организацијата на работодавачи на Македонија, помогната од Европската Унија, а со техничка помош на Меѓународната организација на трудот спроведе истражување за влијанието на КОВИД-19-Предизвици, потреби и очекувања на претпријатијата во Северна Македонија. Истражувањето беше спроведено од страна на Проф. Д-р. Никица Мојсоска Блажевски, а во него учествуваа 246 претпријатија членки на Организацијата на работодавачи.

Анкетата ја мери перцепцијата на препријатијата во однос на нивниот континуитет во работењето, финансиската стабилност, статусот на работната сила, ефективноста на тековните владини мерки за подршка  и ставовите на деловните субјекти.

„Истражувањето покажа дека во периодот Октомври-Декемви 2020 година, состојбата е нешто подобрена во однос на периодот Април-Јуни, кога се спроведе првата анкета од ваков тип. Така во овој период продолжиле со работа 83% од компаниите, за разлика од Април-Јуни кога работеле само 22%. Над 50% од анкетираните истакнале дека главните оперативни предизвици се отсуството на вработените од работа поради болест или поради владините уредби, голем пад на побарувачката за производите на претпријатието и задоцнето плакање од страна на купувачите. Голем број на компании – дури 67% од анкетираните користеле работа од далечина и овој вид на работење 1/3 од нив ќе го користат овој начин на работење и во иднина. Што се однесува на видот и големината на владината подршка за справувањето со негативните ефекти предизвикани од КОВИД-19, дури 61% од анкетираните покажуваат релативно незадоволство. Најмногу ценета мерка и во сегашната анкета, исто како и во претходната е „субвенција на плата“. 46% од оние кои се изјасниле дека ке конкурираат и за петтиот сет на мерки кажале дека ке се пријават за субвенционирање на платите, 16% за грантови за посебни индустрии, а 14% за одложување на плаѓањето на кредитите.“ – стои во соопштението на Организацијата на работодавачи на Македонија

Организацијата на работодавачи, врз база на анализата предлагаат неколку мерки до Владата:
-Неопходно е да се донесе петиот пакет на мерки за подршка, затоа што состојбата со пандемијата се уште не се подобрува и предизвикува големи проблеми во работењето на претпријатијата;
-Да се развијат построги и посоодветни критериуми за квалификуваност на претпријатијата за добивање на подршка, кои ќе овозможат средствата да ги добијат компании на кои навистина и е потребна помош , 

Економија

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи известува дека во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

На 14 451 земјоделци ќе им се исплати 87.036.280 денари. Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациони единици на Управата за јавни приходи.

„Право на поврат на данок на личен доход остваруваат физичките лица кои остваруваат доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1 000 000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и други податоци со кои што располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, немаат остварено доход по друг основ кој е оданочлив согласно Законот за данокот на личен доход и кои не се ДДВ обврзници.“ – стои во соопштението на Управата за јавни приходи

Continue Reading

Економија

УЈП: Работодавачите ќе враќаат до 50 проценти од субвенциите за придонеси за месеците април, мај и јуни

Media Press

Published

on

Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, износот за враќање е најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех за 2020 година.

За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, се поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“ кој е објавен и на системот е-Даноци.

Continue Reading

Економија

Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник

Media Press

Published

on

Централен регистар преку соопштение ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки во хартиена форма дека ќе се врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година и во деновите:

  • 27.02.2021 година (сабота) од 08:00 – 16:00 часот 
  • 01.03.2021 година (понеделник) од 08:00 – 20:00 часот.

Исто така во понеделник од 08:00 – 16:00 часот ќе се доставуват годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

  • Кратово – во објектот на Општина Кратово
  • Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
  • Крушево – во објектот на Уни банка

Continue Reading