Connect with us

Економија

ЦЕА Студија: Приходите во Општините во услови на Ковид-19

Avatar

Published

на

Сопствените приходите на општините во државава во првите три квартали од 2020 година се намалиле за 18 отсто споредено со претходната година во истиот период, и се пониски за 1,5 милијарди денари или околу 24,6 милиони евра. Ова го покажа студијата на Центарот за економски анализи (ЦЕА) во која се дава преглед на импликациите врз јавните финансии на единиците на локалната самоуправа во првите три квартали од 2020 година.

„Сопствените приходите на општините во првите три квартали од 2020 година се намалиле за 18% споредено со претходната година во истиот период, и се пониски за 1,5 милијарди денари (или 24,6 милиони евра). Падот на приходите е предизвикан од пад на прибраните приходи од даноци на имот, даноци од специфични услуги и вршење на дејност.“ – пишува во студијата на Центарот за економски анализи (ЦЕА)

И покрај ефектите од Ковид-19 врз финансиите на општините, сите општини во РСМ, немаат дополнителна потреба за задолжување поради значителните заштеди од нереализираните капиталните расходи од капиталните планови на општините.

Значително пониска е реалиацијата на капиталните расходи. Доколку до крајот на годината се одржи трендот на реализацијата на буџетите на кумулативно ниво, општините можат да се соочат со пониски сопствени приходи од околу 1,8 милијарди денари (или 3,8% од вкупните планираните приходи), како и пониски расходи од 2,08 милијарди денари (или 4,4% од вкупно планираните расходи) поради ниската реализација и на капиталните инвестиции но, и на тековни расходи. Реализираните капиталните расходи се намалиле за 19% споредено со претходната година во првите три квартали.

Општините во РСМ се силно зависни од трансферите од централно ниво, кои учествуваат со повеќе од половина во вкупните приходи на општините. Вкупните трансфери од централно ниво во вкупните приходи на општините во 2019 учествуваат со 60%, во 2018 со 64%, во 2017 со 62%.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе