Connect with us

Македонија

Средношколците продолжуваат со бојкотот на наставата, МОН и понатаму ги одбива нивните барања

Media Press

Објавено на

Средношколците продолжуваат со бојкотот на наставата поради игнорантскиот однос на МОН. Сојузот на средношколци во реакцијата до Министерството за образование и наука објаснува дека не се залагаат за укинување на државната матура, туку бараат промени поради ситуацијата со коронавирусот.

Државната матура, бараат средношколците да се полага по скратени наставни програми и методологии, а програмите треба да се однесуваат на сите предмети, а не само на неколку.

-Сојузот на средношколци е согласен дека: „Министерството за образование и наука и Владата се должни (да) ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 ученици коишто ја пријави(ле) … да учат на факултет“. Меѓутоа, Сојузот не ја разбира потребата од ваква изјава, имајќи на ум дека ние не се залагаме за укинување на државната матура. Напротив, таа е клучен дел од нашето средно образование, соопштија од Сојузот.

Исто така, тие посочуваат дека без разлика на тоа што МОН додал дополнителни изборни предмети (географија и информатика) во сегашната концепција, тоо воопшто не го менува фактот дека учениците би полагале четири предмети, доколку МОН не ги прифати нивните барања.

„Ние не ја бојкотираме матурата. Ние само го изразуваме нашето незадоволство околу тврдоглавоста на МОН. Министерството тврди дека „останува силен партнер на учениците и матурантите“ и дека „како и досега отворено и заеднички“ ќе дискутираат за предизвиците. Сојузот ова воопшто не го гледа, ниту пак делата на МОН го докажуваат истото. Сега активностите на Сојузот се пренасочија во Собранието, бидејќи само пратениците можат да го убедат МОН дека, како што самото Министерство вели, „е потребен разум и прифаќање на состојбите“, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколци.

Од Сојузот велат дека не бојкотираат само група матуранти, туку бојкотира големо мнозинство од матурантите и училиштата ширум земјава.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе