Македонија
Во земјава досега не е потврден новиот британски сој на КОВИД-19, но се појави кај соседите

Published
1 month agoon
By
Media Press
Според последните анализи на МАНУ новиот британски сој на КОВИД-19 не е детектиран во земјава, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Овие наоди се базирани на податоците од нивната лабораторија во периодот од јуни 2020 до 11 јануари 2021 година. Досега се анализирани близу 180 вирусни геноми, при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот. Од присутните соеви на вирусот, два се доминантни во нашата популација, присутни кај повеќе од 75% од пациентите“, вели Филипче.
Новиот сој беше откриен и во Шведска, Франција, Германија и Шпанија, како и во Хрватска и Словенија, а од вчера и во Србија.
Се претпоставува од искуството на Британија дека клиничката слика не е поразлична, но преносливоста е поголема. Ќе заболат повеќе луѓе, веројатно ќе има и повеќе починати.
„Истите мерки кои се преземаат за постоечкиот вирус функционираат и за британскиот сој. Треба маските поригорозно да се носат и дистанцата да се држи по внимателно. Ова не треба да не изненадува. РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски.
Досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи падна под 10000 и изнесува 9715.
Во текот на вчерашниот ден од 1466 тестирања, беа регистрирани 183 нови случаи на ковид-19, од нив 13 во Југоисточниот регион, во Струмица 3, во гевгелија 6 и во Радовиш и Богданци по 2 нови случаи.
Поврзани содржини
254 нови случаи на ковид-19, починати се 16 лица
Филипче: 50 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани пациенти се од британскиот сој
Регистрирани 373 нови случаи на Ковид-19, во регионот вкупно 333 активни случаи
Регистрирани 416 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 278 лица
Потврдени се 389 нови случаи на коронавирус, 24 од нив во Југоистокот, 998 лица во земјава оздравеле
Денеска се регистрирани 476 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 407 пациенти и починати 9 лицa
Македонија
Денеска регистрирани 721 нови пациенти со Ковид-19

Published
17 hours agoon
March 4, 2021By
Media Press
Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:
Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.
Македонија
Потпишани мемoрандуми за соработка на МЗШВ, со врвни научни инситуции, за градење на систем за производство и безбедност на храна

Published
18 hours agoon
March 4, 2021By
Media Press
Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Хоџа и претставниците на четири факултети од три универзитети во државава, потпишаа мемoрандуми за соработка.
На настанот на кој присуствуваа ректорите, деканите и професори од неколку универзитети, се одбележа почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со неколку врвни научни инситуции.
„Едукацијата на земјоделците е една од моите цели, за која јас лично се залагам, знаењето од научните институции да стигне до секој земјоделец во државава. Сите држави со развиен земјоделски сектор, својот развој и го должат токму на развојот на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на земјоделците“ изјави министерот Хоџа.
Тој воедно им се заблагодари на сите колеги од министерството кои беа вклучени во процесот на креирање на Програмата за рурален развој за 2021 година, кои дадоа свој придонес во креирањеро на мерката за поддршка на научните истражувања.
Преку Програмата за рурален развој, обезбеден е буџет од околу 600 000 евра, средства со кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директно ќе ги поддржи научните институции во проширувањето на нивните активности, во заеднички интерес. При креирањето на оваа мерка МЗШВ се водеше од потребите за градење на одржлив систем за производство и безбедност на храна вклучувајќи ги заложбите за научна поддршка и професионална експертиза. Крајна цел за превземената иницијатива од страна на МЗШВ, е исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.
Потпишани беа меморандуми за соработка со четири научни институции:
– Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје;
– Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје;
– Факултет за прехранбена технологија и храна – Тетово и
– Технолошко технички факултет – Велес.
Потписниците на меморандумите за соработка ќе добијат финансиска поддршка која ќе биде наменета за: опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.
Македонија
Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење маска

Published
19 hours agoon
March 4, 2021By
Media Press
Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење заштитна маска.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 636 прекршоци, соопштија денеска од МВР.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила

ВМРО-ДПМНЕ: Не сите пратеници што гласаа доверба на владата вчера, тоа ќе го направат пак

Од денес се исплаќаат средствата за социјална, детска и цивилна заштита

Денеска регистрирани 721 нови пациенти со Ковид-19
