Македонија
Заев:Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем, Мицкоски: Нели идентитетот беше “бетон”

Published
1 month agoon
By
Media Press
„Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем и таа останува во записниците од Заедничката мултидисциплинарна експертска историска комисија помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
„Мене ми е драго што и вчера претседателот на Комисијата потврди тоа што и на нас како Влада ни го има соопштено, пред се, преку министерот за надворешни работи Бујар Османи, а тоа е дека ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем. Таму како се дискутира од страна на нашите историчари и на бугарските историчари така ќе стои и во записниците. Тоа го потврди и самиот претседател на Комисијата. Тоа е идентитетска придавка и нашиот идентитет не е спорен, и никој пат нема да дозволиме кој било да го спори“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека Владата работи во интерес на Бугарија и нагласи дека нема повеличествени и поимперативни интереси освен македонските интереси.
По вчерашната изјава во медиумите на претседателот на Историската комисија Ѓоргиев, во однос на употребата на придавката што е договорено со бугарските историчари, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со коментар:
„Нели идентитетот беше “бетон” и “не се преговара за идентитетските прашања” со источниот сосед? За ова ли се менуваше член на историската комисија? Нели придавката “македонски” била испишана со златни букви, како сега токму тоа исчезна од записниците на комисиите?Владата на јавноста ѝ должи одговори. Колку подолго Заев е премиер, толку повеќе Македонија ќе губи. Иднината ќе биде наша и ние заедно со народот за нејзе ќе се избориме!“ објави Мицкоски на својот профил.
Поврзани содржини
Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта
Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор и ќе барам одговорност
Заев: Оставив аманет лично да придонесам нечиј живот да биде спасен, со донирање на моите органи
Останува претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети
Заев спомна неколку актуелни градоначалници од кои е задоволен и позади кои лично би застанал
Премиерот Заев ја пушти во употреба новата инвестиција на „Конти Хидропласт“ во Гевгелија
Македонија
Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Published
7 hours agoon
March 1, 2021By
Media Press
Од денеска 1 март, започнува функционирањето на платниот промет во АД Пошта, преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.
Халкбанк АД Скопје беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта.
Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25 проценти од вкупниот платен промет во државата, стои во соопштението.
Платниот промет преку Пошта беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.
Македонија
Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Published
8 hours agoon
March 1, 2021By
Media Press
Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 99, Прилеп 26, Кавадарци 19, Куманово 17, Струмица 15, Неготино 9, Тетово и Кочани по 7, Гостивар 6, Штип и Велес по 5, Охрид и Гевгелија по 4, Струга 3, Виница 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1.
Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:
Скопје 138, Кавадарци 33 ,Неготино 19, Велес 10, Крива Паланка и Ресен по 8, Штип 7, Куманово 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип по 2, Берово и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19.
Македонија
Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата

Published
9 hours agoon
March 1, 2021By
Media Press
На денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 65,50 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 67,50 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 56,00 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 45,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 35,396 (денари/килограм) |

Од денеска започнува функционирањето на платниот промет преку Пошта

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Од вкупно 1208 извршени тестови, 234 резултати се позитивни на Ковид-19

Регулаторна комисија донесе нова одлука – поскапуваат горивата
