Connect with us

Македонија

Усвоен Планот за борба против корупција, Заев испрати порака: Повеќе нема недопирливи

Media Press

Published

на

Владата го усвои Планот за борба против корупцијата. Повеќе нема недопирливи, Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата, ова го истакна премиерот Зоран Заев кој заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, Љупчо Николовски, на прес-конференција информираа за деталите и ги претставија мерките за синхронизација на институциите на системот за негова оптимална поставеност за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од најподмолните закани за општеството и за сите граѓани во него.

Премиерот Заев воедно рече да се охрабрат и граѓаните и медиумите да зборуваат јавно и гласно.

„Тоа придонесува за ред, правда и дисциплина. Сериозно ги зедовме предвид забелешките од последниот извештај на „Транспренси интернешнел“ и ги вградивме во овој План. На тој начин ги елиминираме пречките и поставуваме функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. Тие ќе го спречуваат, препознаваат и санкционираат секој вид на корупција во сите редови на власта без исклучок. Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата“, истакна премиерот Заев.

Заев го спомна случајот за незаконско прислишување за кој има изречено казна токму за овој случај. Тој додаде дека нема да се заобиколува првдата и испрати порака до сите  дека милост ќе нема за никој.
Според Заев Планот има за цел да спречува корупција на актуелната власт, но и да ги открива и демонтира коруптивните инсталации претходното владеење.

„Овие инсталации се продрени до најситните пори на институциите. Тие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството. Тогашното режимско владеење на сегашната опозиција го трошеше парите на народот за да се богатат тие и партијата. Тие ја одгледуваат корупцијата, ја всадија и толерираа насекаде, за да им биде простено за нивните злодела. Епа, не им е простено, оти тоа не го правеле од незнаење или несвесно, туку смислено, намерно, злонамерно“, наведе претседателот на Владата Заев.


Македонија

Бројот на новозаболени забрзано расте, денеска 164 нови случаи на Ковид-19

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови во Југоистокот е следна:
Струмица 4150, Активни 21
Гевгелија 2197, Активни 2
Радовиш 1165, Активни 4
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Share

Прочитај повеќе

Македонија

Од септември само електронски дневници во училиштата, печатените остануваат во минатото

Media Press

Published

на

Според соопштението од Бирото за развој на образованието, од септември наставниците веќе ќе немаат обврска податоците и оценките за учениците да ги внесуваат и во печатен и во електронски дневник. Од новата учебна година во основното и средното образование во употреба ќе бидат само електронските.

Електронската евиденција ќе ја водат околу 25.000 наставници и професори. Како што се прави со хартиените дневници, во електронските тие ќе треба да ги внесуваат оценките на учениците, но и изостаноците и другите активности.

Како што соопштуваат од Бирото за развој на образованието, наставниците извесно време барале да бидат ослободени од водење двојна евиденција, и во хартиените дневници и во електронските.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонија во портокалова фаза, работодавачите да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните два дена, среда 04 август и четврток 05 август, велат од Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека поради тоа треба да се почитуваат општите мерки..

Општите мерки предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од МТСП.

Прочитај повеќе