Connect with us

Гевгелија

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков

Media Press

Published

on

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков во кое се вели:

  „Почитувани сограѓани,  Драги пријатели,

           Зад нас останува една година која беше полна со предизвици и неизвесност. Појавата на светската пандемија од Корона вирусот и нејзините последици кои ја одбележаа 2020 година, никој не можеше да ги предвиди, уште помалку пак да ги спречи. Пандемијата не затече и не доведе во ситуација, каква што светската историја не памети. Нејзината појава го наруши тековното работење и функционирање, како на стопанските капацитети, така и на одделни јавни установи. Се промени и нашата работа и работата на Општина Гевгелија. Пандемијата значеше промена на нашите приоритети. Наместо планско работење и остварување на визијата која ја ветивме пред Вас, граѓаните, моравме да посветиме значителен дел од нашите ресурси, финансиски и кадровски, на превенција и намалување на последиците од пандемијата. 

           Општата атмосфера на неизвесност и несигурност доведе до далекусежни, негативни последици и практично не остави ниту еден сегмент од општеството недопрен. Со жал се присетуваме на нашите драги сограѓани кои jа загубија битката со вирусот. Уште еднаш на семејствата на починатите во името на сите граѓани на општина Гевгелија им изразувам сочувство. На сите оние кои во моментот се борат со вирусот, им посакувам брзо закрепнување.

           Сакам на сите здравствени работници да им оддадам признание за нивната напорна, посветена и пожртвувана работа. Благодарност упатувам до припадниците на полицијата и армијата, на државните и на општинските служби и вработените во Јавното претпријатие „Комуналец“ за справувањето со пандемијата. Исто така, изразувам јавна благодарност на сите претставници на приватниот и на невладиниот сектор кои демонстрираа високо ниво на свест и општествена одговорност, кои донираа согласно своите можности и ги ставија своите ресурси на располагање за справување со пандемијата. Исто така, изразувам јавна благодарност на сите претставници на приватниот и на невладиниот сектор кои демонстрираа високо ниво на свест и општествена одговорност, кои донираа согласно своите можности и ги ставија своите ресурси на располагање за справување со пандемијата. Сакам да изразам благодарност и почит до сите граѓани кои совесно се однесуваа и продолжуваат да ги следат препораките на здравствените власти. Бидејќи само преку доследно следење на мерките ќе успееме да ги ублажиме и да ги надминеме последиците од пандемијата. 
           Почитувани,

 Појавата на Корона вирусот силно ја погоди општина Гевгелија. Поради структурата на гевгелиското стопанство, во кое доминираат туризмот и услужните дејности, каде што се ангажирани значаен дел од вработените во општината. Овие стопански дејности претрпеа големи загуби.Затоа, моравме да се посветиме на ублажување на последиците од пандемијата со мерки донесени, согласно, нашите надлежности. Или, пак, со иницирање средби и активности со надлежните Владини ресори за непосредно запознавање со проблемите на гевгелиските стопанственици и обезбедување на соодветна помош. Паралелно, преку донации и други финансиски извори да обезбедиме дополнителна опрема за здравствениот систем во општината. Ваквите напори и активности и натаму продолжувааат, бидејќи и пандемијата со КОВИД-19 продолжува да ни се заканува.Но, во меѓувреме, успеавме да реализираме повеќе проекти за  подобрување на инфраструктурата и на еколошката слика на градот, а со тоа директно да влијаеме на подобрување на квалитетот на живеење и модернизација на општината. Капиталните проекти кои се веќе најавени, продолжуваат со нивната реализација.

            Почитувани сограѓани, 

            Позади нас оставаме една тешка година. Година во која научивме некои важни животни лекции. Нашите приоритети се променија и започнавме да размислуваме за суштината на животот и за она што ни е најважно. Се потсетивме дека животот и здравјето се најважни.

            Во овие мигови на празнично расположение, кога ќе го прославуваме доаѓањето на Новата 2021 година и раѓањето Христово- Божиќ да „Празнуваме одговорно“. Во пријатна и домашна атмосфера да ги минеме празниците, со поголема верба и надеж. 

            Нека Новата година ни ја врати назад нормалноста на нашето живеење и што побрзо надминување на пандемијата.

            Среќна Нова година и честит Божиќ!“

Гевгелија

Општина Гевгелија ќе ги распише јавните повици за обнова на патната мреже

Media Press

Published

on

Општина Гевгелија, деновиве, ќе ги распише јавните повици за изградба на нови улици, реконструкција на постојните улици, бетонирање и тековно одржување на локалната патна мрежа.

 Ова беше договорено на првиот годинешен состанок на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков со раководителите и претставниците на Секторот за урбанизам и другите општински служби околу претстојните активности. Станува збор за четири тендери со кои всушност се најавува и новата сезона за обнова и проширување на уличната и локалната патна мрежа во општина Гевгелија.

            „Во рамките на јавниот повик за изградба на нови улици, покрај другото, договорено е со новиот тендер да биде опфатено тампонирањето и поставувањето на долен строј на двете нови улици во станбената населба „Караорман“. Што се однесува, пак, до реконструкцијата и бетонирањето, со новите тендери ќе бидат опфатени повеќе улици и краци во Гевгелија и во населените места. Покрај ова, договорено е веднаш да се интервинира, со прокопување на одводен канал, меѓу бензинската пумпа „Шимов“ и каналот „Рауљ“ за решавање на проблемот со водата што се собира на овој дел од крстосницата на влезот во Гевгелија, по секој пообилен дожд“ информираат од општината.

            Во понатомошната фаза беше договорено на состанокот да се подготват тендери за реализација на проектот Градски урбан сквер, со кој се предвидува хортикултурно и партерно уредување на просторот кај стариот Градски пазар.

Исто така, како што информираат од општината  наскоро треба да започнат работите за изградба и пробивање на неколку улици во градот.  

Continue Reading

Гевгелија

Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија поволна, продолжуваат да важат мерките за заштита од КОВИД-19

Media Press

Published

on

Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија на вчерашната седница констатира дека епидемиолошката состојба во Општина Гевгелија е поволна. Бројот на новозаболените од КOВИД-19 е во драстично опаѓање, додека значително е зголемен бројот на оздравени пациенти. Според информациите од Општата болница и Центарот за јавно здравје – ПЕ Гевгелија, преполовен е и бројот на пациентите на дневен и хоспитализиран третман.

Доколку до неодамна во Дневниот КОВИД-центар имало и по 50-60 пациенти на дневен третман, а на хоспитализиран третман 18 пациенти, во текот на денешниот ден во Дневниот Ковид-центар на дневен третман имало само 10 пациенти. Додека на хоспитализираниот дел на Интерното одделение во Општата болница кое располага со 22 легла, има само 9 пациенти од Ковид 19, е констатирано на седницата.

Општинскиот штаб очекува ваквата тенденција да продолжи, се разбира, со почитување на заштитните мерки од страна на граѓаните и сите правни субјекти. Особено, во пресрет на претстојните верски и традиционални празници.

Врз основа на информациите на ОВР- Гевгелија и Државниот пазарен инспекторат- ПЕ Гевгелија, Општинскиот штаб констатира дека за време на новогодишните и божиќните празници не се забележани, а и немало пријави за групни прослави и собирања.

Според информациите од Гевгелиското Архиериско намесништво, манифестацијата по повод Водици, со фрлање на крст во реката Вардар, согласно насоките од МПЦ, годинава се одлага поради пандемијата, како и водосветот по домаќинствата.

Празникот ќе биде одбележан со редовните црковни богослужби на Водици, согласно протоколите и заштитните мерки.

И покрај тоа, Општинскиот штаб им препорачува на граѓаните, правните субјекти и верски заедници доследно да ги применуваат мерките со кои се забранува организирање и одржување на прослави на јавни места и површини по повод верските и традиционалните празници.

Истовремено, останува да важи забраната за палењето на малски огнови по повод Василица.

Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, во сите основни училишта, каде што се врши настава со физичко присуство на учениците, но и во училиштата, каде што наставата се одвива онлајн и со присуство на наставниците, е побарано да се изврши дезинфекција на просториите, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија.

Continue Reading

Гевгелија

Реновирана полициската станица во Гевгелија со што се подобрени условите за работа на полициските службеници

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на ОВР Гевгелија каде што се сретна со раководството на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот, нагласи дека не може да се претендира на позитивни резултати во работата, на ефикасност и успешност доколку полицијата, полициските службеници своето секојдневно работење го минуваат во субстандардни услови.

 “Оттаму, сосема е разбирливо што денес во ОВР Гевгелија имаме можност, покрај другото, да направиме увид и во условите за работа на полициските службеници, особено сега кога, како што гледаме, веќе е завршена претходно најавената санација и реконструкција на објектот на Одделението за внатрешни работи Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, пари обезбедени од наши средства, од буџетот на Министерството, а во рамки на концептот што го промовиравме и во континуитет го реализираме уште од 2017 година – за подобрување на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на полициските организациони единици, на полициските службеници“, потенцираше Спасовски.

 И во наредниот период додаде Сапсовски дека ќе се изврши комплетна реконструкција на СВР Куманово  и обнова на постоечките објекти каде што е сместено СВР Куманово, комплетна реконструкција и санација на објектот на ПС Ресен и ПО Ростуше.

Continue Reading