Connect with us

Гевгелија

Донесен Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година

Avatar

Published

на

  Советот на Општина Гевгелија, на вчерашната седница, со мнозинство гласови го донесе Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година. Буџетската рамка на Општина Гевгелија за идната година е проектирана на 479.459.132 денари, додека на Oсновниот буџет на 209.128.631 денари. Буџетската рамка беше утврдена согласно Законските ограничувања: на просечните буџетски остварувања во 2017, 2018 и 2019 година, плус 30%.

Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, доколку предложениот Закон за зголемување на процентот на 50% ја добие собраниската поддршка, тогаш буџетската рамка за 2021 година ќе биде зголемена на 505.359.132 денари, додека приходите на Основниот буџет ќе изнесуваат 235.028.631 денари или 46,51%.

            „Тоа ќе ни овозможи поголем дел од средствата да бидат наменети за капитални расходи. Тука, сметам, пред се, на реализацијата на неколку капитални инфраструктурни проекти за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живеење во урбаната средина. Имајќи предвид дека значаен дел од веќе обезбедените донации, во прв ред, германскиот грант од 2,5 милиони евра, ќе бидат наманети за подобрување и проширување на комуналната инфраструктура“, вели градоначалникот Поцков.

             Инаку, Општинскиот буџет беше донесен во две фази, најпрво, Советот на Општина Гевгелија расправаше по Нацрт-верзијата, а по јавната расправа, на вчерашната седница се најде и Предлог-верзија. Граѓаните на општина Гевгелија можеа да учествуваат во креирањето на Општинскиот буџет, со пополнување на анкетниот прашалник преку веб-платформата за Граѓанско учество во креирањето на Буџетот за 2021 година. Над стотина граѓани се јавиле на апликацијата и пријавиле или предлагале предлози за дополнување на Буџетот, велат од општината.

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе