Радовиш
Советот на Општина Радовиш ја одржа 49 седница на која беа поставени неколку советнички прашања
Published
3 години agoна
By
Media PressСоветот на Општина Радовиш ја одржа 49 работна седница со предвиден дневен ред од 33 точки и надополнување со уште три точки на предлог на престестелот на Советот Викица Манолева.
На почетокот од седницата по однос на првата точка беа поставени неколку советнички прашања од разни области, на кои одговараше претседателот на Советот.
Во продолжение на седницата беа донесени останатите Предлог Одлуки и Предлог Програми, повеќето со подршка на сите советници.
Поврзани содржини
Советот на општина Радовиш денеска ја одржа 43 редовна седница
Доенесени повеќе предлог одлуки на 27-та седница на Совет, верифициран мандат на нов советник
На седница на Совет на Општина Радовиш донесени околу 50-тина предлог одлуки
Дискусија на седница на Совет на Општина Радовиш, се бара решение на проблемот околу погребалните услуги
Градоначалникот Ристов образложи на седница на Совет како ќе функционира проектот Зонско паркирање
Обемна дискусија околу енергетската криза од која се засегнати сите општини се разви на седница на Совет на Општина Радовиш
Радовиш
Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје
Published
6 дена agoна
март 23, 2024By
Media PressВчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.
Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.
Изложбата ќе биде отворена до 25 март.
Радовиш
Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком
Published
2 недели agoна
март 14, 2024By
Media PressПо повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.
Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.
Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.
Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.
Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.
Радовиш
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Published
2 недели agoна
март 13, 2024By
Media PressВчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.