Connect with us

Радовиш

Приведенo 24 годишното момче кое со возило помина низ радовишкото шеталиште

Avatar

Published

на

Полицијата го приведе момчето кое помина низ плоштадот во Радовиш со своето возило и го објави видеото на социјалната мрежа „Тик-Ток“.

Од МВР известуваат дека вчера околу 15 часот ОВР Радовиш во полициска станица Радовиш го приведе Т.К.(24) од Радовиш.

Приведеното момче е идентификувано како возач на патничкото возило од снимката, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило.

По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Радовиш

Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш

Avatar

Published

на

СДСМ одржа Митинг во Радовиш каде пред граѓаните ја презентираа својата програма и ја побараа поддршката, но и потсетија зошто да не се гласа за противничката политички партија.

„Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми, крај на борбата за независно судство.

Не дозволувајте ВМРО да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор од Будимпешта ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор кои ги запишуваа по списоци, пикаа по автобуси и носеа на контра протести во Скопје, на натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци и фамилијата која беше на власт,“ порача пред радовишани петседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш.

Ковачевски од Радовиш порача: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Свое обраќање имаа и кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, носителот во ИЕ4 Венко Филипче и коносителот во ИЕ4 Јована Тренчевска.

„ Сега повеќе од било кога ни е потребно единство.Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај, истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче кој се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.

Кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, ја побара поддршката од Радовишани притоа спомнувајќи дека и како одговорно лице на Здравствен дом Радовиш работела во интерес на граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.

Прочитај повеќе

Радовиш

Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш, Конче и Срумица

Avatar

Published

на

-Народот се обединува околу промените, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ за да одговараат криминалците, порача Мицкоски на од Радовиш, Конче и Струмица каде ВМРО ДПМНЕ одржа народен митинг.

„ Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата непоколеблива поддршка и инспириран од вашата издржливост. Дојде време уште еднаш да се слушне нашиот глас. Кога сонцето изгрева на денот на изборите, имаме свечена должност и света привилегија: да го дадеме својот глас и да го обликуваме текот на судбината на Македонија! Благодарам Конче, Радовиш и Струмица. Ќе ја вратиме Македонија да биде повторно твоја!“ порача лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

На митингот во Радовиш и Конче се обратија и кандидатите за пратеници Моника Трајанова, Гоце Дединец и носителот во ИЕ 4 Александар Николовски.

Кандидатката за пратаеник Моника Трајанова рече дека ќе биде линкот помеѓу локалната и централната власт, дека ќе ги застапува интересите на граѓаните и дека е дојдено време Македонија да се врати на граѓаните, земјоделците и работниците да бидат горди, а не понижени. Таа ги повика граѓаните од сите населени места да излезат масовно на гласање на 8 мај и да го дадат својот глас за „Македонија повторно твоја“.

На 24 април постигнавме убедлива победа, тоа да го повториме и на 8 мај, порача кандидатот за пратеник од Радовиш Гоце Дединец, кој им се заблагодари на радовишани за поддршката.

Прочитај повеќе

Радовиш

ЈАНА и МИМА од Радовиш единствени претставнички од Македонија во финалето на голем ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПИЈАНО НАТПРЕВАР ВО БАРСЕЛОНА

Avatar

Published

на

           Со бурни аплаузи во преполната сала на Музичкиот центар Викториа Victoria Music Centre беа доделени наградите на финалистите на големиот Интернационален Натпревар по Пијано кој се одржа во самото срце на Барселона во близина на Arc de Triomf. На овој престижен меѓународен пијано натпревар земаа учество и нашите успешни млади пијанистки Јана и Мима Јованови од Радовиш, кои беа единствените претставнички од Македонија. Тие со своите изведби, секоја во својата категорија, оставија посебен белег пред еминентното стручно жири, за што, покрај сертификатите за учество, добија и посебни позлатени плакети од Барселона.

        “Веќе подолго време посакував да имам свој настап во Барселона и многу сум среќна што таа желба конечно ми се оствари” изјави Јана, која досега се има здобиенио со околу 40тина награди и признанија за своите успеси по пијано, меѓу кои посебно се истакнуваат наградите од Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена… како и шестоноемвриско признание и плакета за посебни достигнувања во културата и уметноста.

         “Би сакала што почесто да имам свои настапи во различни земји, бидејќи многу сакам да патувам и да запознавам нови градови и деца од други држави” симпатично кажа помалата сестра Мима, која претходната година го имаше нејзиниот прв голем меѓународен успех и се здоби со пехар на престижен пијано натпревар во Венеција.

           Учеството на натпреварот во Шпанија,  делумно е помогнато од единствениот спонзор за ова патување – рудникот Бучим кој ќе обезбеди средства за авионските карти како и за уплата на котизацијата за учество.

            Јана и Мима Јованови во текот на оваа сезона ги очекуваат уште неколку големи предизвици на пијано натпревари во странство. Ние како редакција им посакуваме уште поголеми успеси и истовремено апелираме до сите јавни и приватни установи да изнајдат начин и средства за поддршка на нашите млади таленти, кои успешно го претставуваат Радовиш и Република Македонија.

Прочитај повеќе