Радовиш
Советот на Општина Радовиш не го усвои Буџетот за 2021 година и на последната седница, дали институциите ќе останат блокирани
Објавено на
Од
Media PressСоветот на Општина Радовиш не успеа да го усвои предлог- Буџетот за 2021 година и на денешната итна седница. Иако е последен ден од годината, сепак советниците не се усогласија да ја одржат седницата со цел усвојување на Буџетот, со што буквално ги блокираа сите институции финасиски. Советниците од опозицијата беа против оваа седница бидејќи буџетот не бил разгледан на комисија, а владеачката советничка група немаше мнозинство, поради условувањето од страна на советникот Јашар Сулиман за исполнување на одредени негови барања.
Претседателот на советот Викица Манолева по не усвојувањето на дневниот ред и прекинувањето на седницата, одржа прес конференција на која рече дека и покрај обидите да се постигне согласност и да се донесе буџетот, совеста не преовлада.

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов во телефонски разговор по неодржувањето на седницата со коментар, „ Дали на Радовиш му се потребни такви советници кои со нивните одлуки ги кочат граѓаните“.
Поврзани содржини

Петар Јанков е избран за претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион

Одржана конститутивната седница на Советот на општина Конче, верифицирани мандатите на новите советници

Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата втора свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија

Општинската изборната комисија им ги додели уверенијата на градоначалникот Сарамандов и на новите членови на Советот на Општина Гевгелија

ОИК ги додели уверенијата на новиот градоначалник на Општина Радовиш Љупче Почивалец и на новите членовите на Советот на Општина Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа 66 седница, со мали процедурални забелешки околу дневниот ред и едно советничко прашање
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

