Македонија
Кој општини во регионот бележат намалување а кој зголемување на бројот на вработени, според истражувањето на ЦГК, Скопје
Објавено на
Од
Media Press
Од 2017 до 2020 година, бројот на вработени во министерствата пораснал за 3, а во општините за 2 проценти, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации од Скопје. За последните три години односно од јануари 2017 до февруари 2020 година во општините во земјава бројот на вработени и ангажирани лица во општинската администрација е зголемен за нови 154 луѓе, а во министерствата и во Владата се вработени или ангажирани 540 повеќе луѓе. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти. Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент.

По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе е Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување на кадарот.

Што се однесува до 10 те општините од Југоисточниот регион според објавената база на податоци на Центарот за граѓански комуникации најмногу лица во редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени вработувања има во Гевгелија. Во ова општина на почетокот на 2017 имале 86 лица додека на крајот на февруари годинава 105. Раст има и во Валандово од од 47 на 55, во Богданци од 22 на 24 и во Конче од 14 на 22 лица.
Според истражувањето најголемо намалување на општинската администрација бележио Струмица. На крајот на 2016 година во ова општина имало вкупно ангажирани 249 додека во 2020 бројот се намалил на 220 лица. Опаѓање има и во општините Радовиш од 113 на 105, во Василево од 24 на 21, во Ново Село од 35 на 32, и во Дојран од 17 на 16 лица. Бројот останува исти како и пред три години само во Босилово -25 лица. Или вкупно во 10-те општини во регионот бројот на лица во редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени вработувања се намалил за 6, односно од 632 лица во 2017 на 626 лица во 2020 година.

Истражувањето е спроведено врз основа на одговорите на институциите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер за бројот на вработени во редовен работен однос, преку привремени вработувања и со договор на дело на 31.12.2016 и на 29.02.2020 година.
Инаку анализата се објавува заедно со база на отворени податоци во отворен формат во која се содржани податоците за бројот на вработени по сите основи, во Владата, министерствата и општините и може да се виде ТУКА
Поврзани содржини

За новогодишно украсување општините потрошиле 785 илјади евра

Mediapress.mk истражува, како Општина Струмица и Општина Вланадово го решиле проблемот со погребалните услуги

Здружение за истражување и анализи – ЗМАИ oбјавува јавен Повик за учество на бесплатни онлајн обуки за кариерно советување

Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Со ставот „живеј денес и не мисли за утре“ се сложуваат дури четвртина од македонските граѓани

Влијанието на Ковид -19 врз економијата, навиките на граѓаните и подготвеноста за враќање во „нормала“, истражување на МЦМС

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

