Connect with us

Македонија

Влијанието на Ковид -19 врз економијата, навиките на граѓаните и подготвеноста за враќање во „нормала“, истражување на МЦМС

Avatar

Published

на

Состојбата предизвикана од Ковид-19 беше причина МЦМС да ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Според  истражувањето, вкупно 88% од граѓаните сметаат дека земјата ќе навлезе во економска криза. Околу наодите поврзани со економијата, навиките на граѓаните и подготвеноста за враќање во „нормала“ разговаравме со Гонце Јаковлеска Извршен директор на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)

„Според наодите од истражувањето, вкупно 88% од граѓаните сметаат дека земјата ќе навлезе во економска криза, а 66% очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно. Што се однесува до економските мерки на Владата, средната оценка на испитаниците е 2,7. Вкупно 40% владините мерки ги оцениле со ниски оценки, 1 или 2, а 21% ги оцениле со 4 или 5. На прашањето за тоа кој сектор е најпогоден со кризата, првите три најчести одговори се: угостителство и туризам (27%), сите сектори (24%) и приватни бизниси (23%). Вкупно 77% од испитаниците целосно или до некаде се согласуваат со ставот дека е потребно отворање на економијата за враќање на работните процеси.

Ковид-19, целосно или до некаде го променил животот и секојдневието на 83% од граѓаните. Повеќе од половината (59%) со 4 или 5 го оцениле степенот на изолација за време на кризата. Очекувано, степенот на изолација повисоко е оценет од повозрасните граѓани. Пандемијата ги променила и навиките за купување на граѓаните, па сега пазари само еден член на семејството (29%) или поретко купуваат во продавници (27%). За среќа, голем број од граѓаните (85%) имаат целосна или делумна поддршка од семејството, пријателите и познаниците. Оваа криза влијаеше на функционирањето на здравствениот систем воопшто. Една четвртина од испитаниците рекле дека заради неа морале да ги одложат лекарските прегледи.  

Во поглед на негативните чувства, над 70% ретко или никогаш не плачеле, не се чувствувале нервозно (48%) депресивно (50%) и осамено (53%). Тие повеќе се исплашени за блиските (32%) отколку за себе (19%). За најголем број (71%) односите во семејството не се промениле, а речиси секој петти (19%) рекол дека односите се подобрени.

Граѓаните се преокупирани со информациите за Ковид-19. Еднаш или неколку пати на ден ги следат ваквите информации дури 86% од испитаниците. Средната оценка за покривањето на вестите за пандемијата за националните медиуми е 3,4. Сепак, речиси половина (48%) рекле дека информациите се конфликтни и конфузни. Ваквите оценки најчесто се за информациите пласирани преку веб страните. Повеќе од половина од испитаниците (55%) не се спремни да ја користат апликацијата „СтопКорона“, за разлика од 21% кои се целосно или до некаде спремни за тоа.   

Работното место (35%) и работните состаноци (27%) се местата каде испитаниците би се чувствувале најкомфорно да се вратат веднаш. Тие се поделени во однос на трговските центри и продавниците, кои би ги посетиле истиот месец (28%) односно, во наредните еден до три месеци (29%). Слични се одговорите на испитаниците во однос на посетата на рестораните и кафулињата. Најтешко ќе биде да им се вратат на патувањата низ земјата (32%), како и одењето на одмор надвор од земјата (38%) кои се оставени за следната година. Враќањето во салите за вежбање (39%), одењето на концерти (39%) во театар (38%) и кино исто така ќе бидат оставени за наредната година“ истакна Јаковлеска.

Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 16 до 22 мај 2020 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе