Connect with us

Македонија

Кој општини во регионот бележат намалување а кој зголемување на бројот на вработени, според истражувањето на ЦГК, Скопје

Avatar

Published

на

Од 2017 до 2020 година, бројот на вработени во министерствата пораснал за 3, а во општините за 2 проценти, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации  од Скопје. За последните  три години односно од  јануари 2017 до февруари 2020 година во општините во земјава бројот на вработени и ангажирани лица во општинската администрација е зголемен за нови 154 луѓе, а во министерствата и во Владата се вработени или ангажирани 540 повеќе луѓе. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти. Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент.

По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе е Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување на кадарот.

Што се однесува до 10 те општините од Југоисточниот регион според објавената база на податоци на Центарот за граѓански комуникации  најмногу  лица во редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени вработувања има во Гевгелија. Во ова општина на почетокот на 2017 имале 86 лица додека на крајот на февруари годинава 105. Раст има и во Валандово од од 47 на 55, во Богданци од 22 на 24 и во Конче од 14 на 22 лица.

Според  истражувањето најголемо намалување на општинската администрација бележио Струмица. На крајот на 2016 година во ова општина имало вкупно ангажирани  249 додека во 2020 бројот се намалил на 220 лица. Опаѓање има и во општините Радовиш од 113 на 105, во Василево од 24 на 21, во Ново Село од 35 на 32, и во Дојран од 17 на 16 лица. Бројот останува исти како и пред три години само во Босилово -25 лица. Или вкупно во 10-те општини во регионот бројот на лица во редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени вработувања се намалил за 6, односно од 632 лица во 2017 на 626 лица во 2020 година.  

Истражувањето е спроведено врз основа на одговорите на институциите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер за бројот на вработени во редовен работен однос, преку привремени вработувања и со договор на дело на 31.12.2016 и на 29.02.2020 година.

Инаку  анализата се објавува заедно со база на отворени податоци во отворен формат во која се содржани податоците за бројот на вработени по сите основи, во Владата, министерствата и општините и може да се виде ТУКА

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе