Економија
Со ставот „живеј денес и не мисли за утре“ се сложуваат дури четвртина од македонските граѓани
Published
4 години agoна
By
Media PressВо рамките на Регионалниот проект за техничка помош на ИНФЕ-ОЕЦД за финансиско образование на Министерството за финансии на Холандија, се спроведе анкета за мерење на нивото на финансиската писменост на возрасното население во седум земји од регионот.
Спроведено е истражување на ОЕЦД на нивоата на финансиска писменост во Југоисточна Европа однозно опфатени се Бугарија, Хрватска, Грузија, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора и Романија.
Според резултатите од истражувањето, 25 проценти од анкетираните лица го прифаќаат ставот „живеј денес и не мисли за утре“, 17 отсто од анкетираните се неутрални и 51 процент не се согласуваат со таков начин на живот.
Истражувањето посветува посебно внимание на индивидуалната финансиска еластичност, клучен дел е загриженоста за финансиското однесување и ставови, издавање известувања за ставови за активно штедење и однесување. Целта е да се избегне задолженост и да се фокусира на долг рок.
Од резултатите на анкетата, земја со најголемо незадоволство е Грузија со 58 проценти, а земји со најзадоволни граѓани се Хрватска и Северна Македонија, каде само 36 проценти од возрасните искажале дека се незадоволни од нивната финансиска состојба.
Целосниот Извештај за „Финансиската писменост на возрасните во Југоисточна Европа“ можете да го погледнете на англиски јазик на следниот линк.
Поврзани содржини
Mediapress.mk истражува, како Општина Струмица и Општина Вланадово го решиле проблемот со погребалните услуги
Започнува аплицирањето за финансиската поддршка за плати од петтиот сет мерки
ССМ: Работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените како услов за добивање на финансиската поддршка за плати
Бесими: Компаниите кои ќе инвестираат во развој, нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за плати
Сојузот на синдикати бара субвенциите за плати да бидат дел и од петтиот пакет мерки
Развојна Банка: Одобрени се 23 милиони евра од ,,Ковид 3”, за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени
Економија
Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ
Published
4 недели agoна
март 25, 2024By
Media PressМалопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)
Економија
По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра
Published
2 месеци agoна
февруари 23, 2024By
Media PressНово покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.
Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.
Зголемување на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.
Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.
Економија
Од утре поевтинуваат бензините и дизелот
Published
6 месеци agoна
октомври 9, 2023By
Media PressЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.
За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.