Connect with us

Македонија

Регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19 според вчерашниот извештај

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 572-Куманово 41-Дебар 1-Штип 49-Прилеп 53-Тетово 28-Струга 34-Велес 42-Битола 92-Охрид 42-Кавадарци 18-Гостивар 11-Гевгелија 3-Струмица 34-Крива Паланка 11-Радовиш 6-Крушево 6-Кочани 14-Пробиштип 5-Демир Хисар 3-Македонски Брод 3-Пехчево 7-Берово 19-Валандово 9-Виница 11-Делчево 11-Кратово 5-Свети Николе 20-Кичево 33-Ресен 4-Неготино 11.

Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од:-Скопје 150 -Куманов 41-Дебар 4-Штип 36-Прилеп 42-Тетово 69-Струга 12-Велес 52-Битола 37-Охрид 11-Кавадарци 21-Гостивар 22-Гевгелија 11-Струмица 36-Крива Паланка 4-Радовиш 5-Кочани 12-Пробиштип 8-Македонски Брод 2-Пехчево 1-Берово 4-Валандово 1-Делчево 6-Кратово 4-Свети Николе 3-Кичево 16-Ресен 3-Неготино 8.

Досега во земјата се направени вкупно 303.281 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе

Македонија

МОН: Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна

Media Press

Published

на

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% или 50 ученици од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, информира Министерството за образование и наука.

Што се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација.

Тоа што е особено важно да се потенцира е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата. При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите, велат од Министерството.

МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива.

Прочитај повеќе

Македонија

Попишани над 400 000 граѓани во првите осум дена

Media Press

Published

на

Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Пречките што настанаа изминативе денови, и поради што дојде до застој на попишувањето, се отстранети, информираа од ДЗС. Тие укажуваат дека попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен, се овластени лица на Државниот завод за статистика и се обучени за оваа активност.

Прочитај повеќе