Македонија
На 21 ноември се слави споменот на Свети Архангел Михаил, водачот на сите небесни сили
Објавено на
Од
Media Press
Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на Свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Свети Аранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на Свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.
Пред да го создаде материјалниот свет, земјата, небото, ѕвездите, човекот ,Господ го создал духовниот свет – ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма.
Тие се
Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради
што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност
поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и
брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани
во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел
Михаил е претставен во војводска облека. Зошто Архангел Михаил е насликан како
војвода?
Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се
одметнале од Бога и почнале да прават зло дела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу
нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од
Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство.
Свети Архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да
се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и
копје во рацете.
Кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши ги собрал Архангел Михаил сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети Архангел Михаил што се празнува на 21 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.
Зошто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март, ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

