Connect with us

Македонија

Кој општини во регионот бележат намалување а кој зголемување на бројот на вработени, според истражувањето на ЦГК, Скопје

Media Press

Published

on

Од 2017 до 2020 година, бројот на вработени во министерствата пораснал за 3, а во општините за 2 проценти, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации  од Скопје. За последните  три години односно од  јануари 2017 до февруари 2020 година во општините во земјава бројот на вработени и ангажирани лица во општинската администрација е зголемен за нови 154 луѓе, а во министерствата и во Владата се вработени или ангажирани 540 повеќе луѓе. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти. Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент.

По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе е Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување на кадарот.

Што се однесува до 10 те општините од Југоисточниот регион според објавената база на податоци на Центарот за граѓански комуникации  најмногу  лица во редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени вработувања има во Гевгелија. Во ова општина на почетокот на 2017 имале 86 лица додека на крајот на февруари годинава 105. Раст има и во Валандово од од 47 на 55, во Богданци од 22 на 24 и во Конче од 14 на 22 лица.

Според  истражувањето најголемо намалување на општинската администрација бележио Струмица. На крајот на 2016 година во ова општина имало вкупно ангажирани  249 додека во 2020 бројот се намалил на 220 лица. Опаѓање има и во општините Радовиш од 113 на 105, во Василево од 24 на 21, во Ново Село од 35 на 32, и во Дојран од 17 на 16 лица. Бројот останува исти како и пред три години само во Босилово -25 лица. Или вкупно во 10-те општини во регионот бројот на лица во редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени вработувања се намалил за 6, односно од 632 лица во 2017 на 626 лица во 2020 година.  

Истражувањето е спроведено врз основа на одговорите на институциите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер за бројот на вработени во редовен работен однос, преку привремени вработувања и со договор на дело на 31.12.2016 и на 29.02.2020 година.

Инаку  анализата се објавува заедно со база на отворени податоци во отворен формат во која се содржани податоците за бројот на вработени по сите основи, во Владата, министерствата и општините и може да се виде ТУКА

Македонија

Починати се рекордни 41 лице од корона вирус, 5 од нив се од Југоисточниот регион

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463-Куманово 30 -Дебар 6 -Штип 28 -Прилеп 68 -Тетово 29 -Струга 21 -Велес 47 -Битола 48 -Охрид 28 -Кавадарци 26 -Гостивар 66 -Гевгелија 4 -Струмица 26 -Крива Паланка 7-Радовиш 4-Крушево 2 -Кочани 12 -Пробиштип 5-Демир Хисар 1 -Македонски Брод 5 -Пехчево 1 -Валандово 2 -Виница 2 -Делчево 7 -Кратово 1 -Свети Николе 14 -Кичево 36 -Ресен 6-Неготино 27.

Починати се 41 лице, се седумнаесет пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г), двајца од Прилеп (56 и 71г), двајца од Велес (76 и 58г), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77г ), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66г), еден пациент од Кавадарци (67г), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54г), тројца од Струмица (78, 63 и 70г), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (85г), еден од Валандово (75г) и еден пациент од Кичево (66г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од: -Скопје 274 -Куманово 34 -Дебар 3-Штип 29 -Прилеп 51 -Тетово 43 -Велес 37 -Битола 28 -Охрид 11 -Кавадарци 15 -Гостивар 19 -Гевгелија 6 -Струмица 19 -Крива Паланка 7 -Радовиш 3 -Крушево 4 -Кочани 15 -Пробиштип 5 -Демир Хисар 5 -Македонски Брод 1 -Пехчево 4 -Берово 5 -Валандово 6 -Виница 7 -Делчево 4 -Кратово 3 -Свети Николе 10 -Кичево 20 -Ресен 2 -Неготино 10.

Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 26602, активни 10382
• Куманово 3686, активни 933
• Дебар 460, активни 95
• Штип 2622, активни 550
• Прилеп 2969, активни 1073
• Тетово 3770, активни 949
• Струга 1412, активни 448
• Велес 1943, активни 726
• Битола 1980, активни 851
• Охрид 1571, активни 628
• Кавадарци 1213, активни 479
• Гостивар 2479, активни 939
• Гевгелија 712, активни 227 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 129 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1680, активни 592
• Крива Паланка 423, активни 120
• Радовиш 421, активни 114
• Крушево 130, активни 76
• Кочани 1227, активни 287
• Пробиштип 354, активни 83
• Демир Хисар 197, активни 87
• Македонски Брод 168, активни 49
• Пехчево 97, активни 23
• Берово 347, активни 84
• Валандово 206, активни 66
• Виница 367, активни 158
• Делчево 439, активни 191 (123 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 152, активни 57
• Свети Николе 821, активни 228
• Кичево 1254, активни 516
• Ресен 458, активни 198
• Неготино 563, активни 310 (67 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Continue Reading

Македонија

Шекеринска: Буџетот за одбраната за 2021 продолжува да расте

Media Press

Published

on

„Буџетот за 2021 година е буџет за одбраната на земјата како членка на НАТО Алијансата. Годинава покажуваме дека обврските, стандардите, критериумите кои што сме ги прифатиле како земја членка на НАТО ги почитуваме. Затоа Северна Македонија и оваа година го зголемува буџетот за 0,2%  од БДП, движејќи се кон посакуваните 2%, но годинава за првпат целосно ја исполнуваме и втората обврските на земјите членки на НАТО која што произлезе од Самитот во Велс – а тоа е повеќе од 20% од буџетот за одбраната да се издвои за опремување и за модернизација“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес–конференција на која го презентираше одбранбениот буџет за 2021 година, кој трета година по ред расте и во 2021 година ќе достигне 1,57 посто од бруто домашниот производ, односно над 11 милијарди денари.

Како што истакна Шекеринска со буџетот за 2021 година ќе продолжи процесот на опремување и модернизација на Армијата, за што се обезбедени 38 посто повеќе средства отколку во буџетот за 2020 година.

„Со овој буџет добиваме и ново подмладување на Армијата, подобрување на стандардот на армиските припадници, квалитетна логистичка поддршка, реконструкција на армиските објекти, подобри услови на нашиот најголем полигон и Криволак и стабилно финансирање на Армија која е дел од Алијансата“, додава Шекеринска.

„Кризната состојба со КОВИД–19 во која што се наоѓаме најдобро покажува дека инвестирањето во Армијата е инвестиција во безбедноста на сите граѓани. Во овие три години, порастот на буџетот за одбраната ни овозможи да добиеме мотивирана, подобро обучена и подобро опремена Армија. Денес тоа не е само Армија на Република Северна Македонија, денес тоа е и армија на земја членка на НАТО. Подготвена да одговори на секој предизвик како што во моментов и помага на државата во справувањето со кризата“, информираше министерката и додаде дека во однос на овогодинешниот буџет, одбраната во 2021 година ќе има повеќе средства за речиси 10 проценти во однос на буџетот за 2020 година.

Continue Reading

Македонија

СДСМ: Никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик

Media Press

Published

on

„ Владата предводена од СДСМ преку одговорни и сериозни политики обезбеди сигурна и стабилна евроатлантска иднина на државата со загарантиран и признаен идентитет и јазик.

Никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик и во ниту еден момент никој нема намера да преговара за идентитетот, јазикот и правото на самоопределување. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели. Резултатите на политиките на СДСМ се видливи на дело, за само три години станавме членка на NATO со лична карта како македонски народ и македонски јазик, еднакви и рамноправни, рамо до рамо со најмоќните земји во светот, а истовремено, целосно го заштитивме идентитетот и ги зачувавме државните и национални интереси“, велат од СДСМ.

Continue Reading