Македонија
Учество на МНР Бујар Османи на министерски состанок на Коалицијата за слобода на медиуми
Објавено на
Од
Media Press
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на видео состанок на Коалицијата за слобода на медиуми, во рамки на Втората глобална конференција за слобода на медиуми со која ко – претседаваат министрите за надворешни работи на Канада и Обединетото Кралство, Франсоа Филип Шампањ и Доминик Раб.
Целта на состанокот беше согледување на актуелната состојба со слободата на медиумите, како и негативниот импакт над истите како резултат на пандемијата со Ковид 19 вирусот.
„Наша цел е, преку унапредување на законската рамка, преку владините политики и преку партнерство со медиумските организации да создадеме услови за слободни, плурални и независни медиуми кои даваат медиумски услуги за целосно информирањево интерес на граѓаните“, истакна Османи.
Ова е прва министерска средба на Коалицијата за слобода на медиуми која беше формирана од Канада и Обединетото Кралство на Првата глобална конференција што се одржа во Лондон во 2019 година и во која членуваат триесет и седум земји, меѓу кои и Република Северна Македонија, а кои се залагаат за јакнење на заедничките напори на сите актери на глобално и национално ниво за заштита на правата на новинарите и креирање слободен плуралистички медиумски простор.
Фокусот на оваа Коалиција е неопходно професионално дејствување и известување на медиумите во насока на јакнење на нивната одговорност и подигање на општествената свест за детектирање на дезинформации.
Поврзани содржини

Серафимовски: СДСМ денес се обидува да глуми спасител на земјоделството што со години системски го ослабуваше и уништуваше

Серафимовски: Постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

Успешни мали бизниси во Радовиш преку мерката за самовработување

Николоски: Поевтини цени на становите во Битола, слични активности и во други општини во периодот што следи

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

