Македонија
Царовска: Распустот нема да почне порано, протоколите во училиштата се почитуваат
Published
3 години agoна
By
Media PressНема причина зошто распустот да почне порано и да се крати од наставата,затоа што нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.
„За да може да зборуваме за поран распуст треба да имаме аргументи зошто тоа би го направиле, зошто дополнително би им скратиле настава на учениците, којашто во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата. Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври, наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично“, посочи Царовска.
Министерката исто така дополни дека нема голем раст на бројките наставници и професори позитивни на вирусот Ковид-19. Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280.
Царовска ги негираше тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1.000 заразени наставници.
Поврзани содржини
Продолжува наставата со физичко присуство на учениците
Повисоки стипендии за учениците и за студентите најави МОН
На 5 јуни започнува полагањето на државната матура, за над 15 илјади матуранти во државата
Според Царовска, родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електорнски ќе може да си го испечати учебникот
Царовска: Заедно со компаниите ги утврдуваме потребни профили за средното стручно образование
МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
20 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
„Зошто почнуваме од Велес? Ете затоа почнуваме… Почнуваме од Црвениот Велес. Градот на Рацин, каде што секое парче од калдрмата е Историја. Ете затоа почнуваме од Велес.
И нема да престанеме додека не ги избркаме како црв од јаболко! Доста ни ја јадете душата, доста ни ја јадете Татковината. Да беше жив Рацин ќе ви речеше: “Да се плукне гадот валкан”! Тој беше дрзок и знаеше колку вреди народниот дух, и затоа не дозволи никогаш народниот дух да падне.” истакна Апасиев во својот моќен говор.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
22 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
22 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.