Connect with us

Радовиш

Со донација на компјутери и таблети од рудникот Бучим, сите ученици се вклучени во онлајн наставата во ООУ Крсте Петков Мисирков

Avatar

Published

на

Рудникот Бучим како општествено одговорна фирма продолжува да донира во училиштата во Општина Радовиш, со цел да се овозможи сите ученици да се вклучат во онлајн наставата, која поради пандемијата со корона вирусот, се реализира во целата држава.

Заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов, и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, денеска беа во посета на училиштата во градот со цел да ја согледат состојбата во образовниот процес.  

Директорката на ООУ Крсте Петков Мисирков рече дека онлајн наставата успешно се реализира благодарение токму на заедничката подршка од општината и од рудникот Бучим.

Рудникот Бучим за потребите на ООУ Крсте П.Мисирков донира   8 компјутери и 30 таблети, во вредност од околу  306 илјади денари. Ова акција за донации во училиштата како што рече Николов, е започната уште од Денот на рударите.

Градоначалникот Герасим Конзулов рече дека Општина Радовиш, не може  сама да одговори за потребите на училиштата без донатори како што е рудникот Бучим. Конзулов во оваа прилика изрази благодарност до раководството на Бучим.

Тој додаде дека просторите од Електротехничкиот факултет кој веќе се под надлежност на општината ќе бидат доделени на  ООУ Крсте Петков Мисирков, како најоптеретено училиште во кое учат околу 1200 ученици. А со ребалнасот на Буџетот ќе бидат издвоени средства за донација на училиштата во опрема. Конзулов рече дека рудникот Бучим е добра пример како да донираат и остантите фирми во општината.

Градоначалникот апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид- 19, бидејќи бројките постојано растат а болничките капацитети се веќе преполни.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Радовиш: Мицкоски и Силјановска да се договорат што ќе прават со Преспанскиот договор

Avatar

Published

на

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше мешу граѓаните на општина Радовиш.

Од присутните, Пендаровски побара поддршка на 24 април и осми мај, затоа што само тоа е гаранција дека државата ќе продолжи по вистинскиот пат и ќе има претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа.

Осврнувајќи се на ставот на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор и членството во НАТО, Пендаровски посочи дека во таа партија постои двојство дури и за најважните прашања.


„Искрено да ви кажам, не знам кој е ставот на опозицијата по тоа прашање, затоа што кандидатката на главната опозициска партија, има изјава каде што вели дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат, затоа што тоа наводно било велепредавство на државата. Во програмата што ја објавија сега пред неколку дена, истата таа госпоѓа вели дека најголемо достигнување било нашето членство во НАТО бидејќи со тоа била загарантирана безбедноста на државата, а едно без друго не бива. Како и за други прашања, има двојство, дури и во врвот на таа партија. Јас им предлагам, пред да излезат во јавност да се договорат меѓу себе инаку вака се брукаат пред целата македонска јавност“ порача Пендаровски од Радовиш.


Прочитај повеќе