Connect with us

Радовиш

Вградени плакари за потребите на дечињата во ОУ Никола Карев, донација од рудникот Бучим

Avatar

Published

на

Вградени плакари за потребите на дечињата во пет училници во ООУ„Никола Карев“ во Радовиш,  се донирани од рудникот за бакар Бучим. На барање на училиштето, дополнително  ќе бидат донирани и компјутери.

Заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов заедно со Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, денеска беа во посета на училиштето и притоа посетија и едно одделение во кое се врши настава со физичко присуство, во услови на пандемија.  Според директорката камените Атанасова мерките и протоколите се почитуваат како што се забалажуваше и на самиот час, дечињата носеа заштитни маски и седеа според препорачаното растојание.

Вкупно во ова училиште заедно со подрачните,  355 ученици посетуваат настава со физичко присуство.

„ОУ Никола Карев е најпосетувано од моја страна  и имаме одлична соработка“ рече заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов, кој посебно беше изненаден од одоговорноста на учениците присутни на настава.

Донираните шкавчиња веќе ги користат учениците за своите потреби, а за оваа донација рудникот Бучим издвои 150 000 денари.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Отворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш

Avatar

Published

на

Отворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од  тримесечниот ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш. Изложбата беше организирина во саботата во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш.

Ова е втора година по ред како се организира ваков курс со поддршка на Општина Радовиш, а во органзиација на друштвото на ликовни уметници Рада, со цел подучување и негување на уметноста кај младите и талентирани ученици.

Во присуство на нивните родители им беа додлени сертификати за завршен прв и втор курс.

Изложбата ќе биде отворен во наредните десетина дена после 17 часот, а потоа учениците ќе можат да си ги подигнат сликите, рече Душан Коцев претседател на ДЛУР – Рада од Радовиш, кој заедно со Крсте Тарабунов, ги држеа часовите по уметност на младите уметници.

Градоначалникот Ацо Ристов им честита за добиените сертификати и им посака успех и понатаму да ја негуваат уметноста.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”

Avatar

Published

на

Во сабота 16.03 со почеток од 9:30 семејството на Сандра Дејановска Крстев, организира добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”. Семејството ги повикува сите добронамерни граѓани да се вклучат во маратонот, билетите за учество веќе се пуштени во продажба, а можат и да се купат и на самиот почеток на маратонот во сабота. Билетите се по цена од 200 денари.

Сандра Дејановска Крстев е наша сограѓанка кој боледува од редок вид на канцер, таа моментално е на лекување во Турција. Лекувањето е долго и макотрпно, семејството се надева на големата животна победа на Сандра. Сите ние можеме да се вклучиме. Маратонот почнува пред Спортската сала 25 мај во Радовиш, и продолжува по булеварот Александар Македонски.

Прочитај повеќе

Радовиш

Петрова: Малите и средни компании се витален дел од македонската економија

Avatar

Published

на

Дополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со градоначалникот Ацо Ристов и секретарот Љупче Почивалец, посетија неколку мали и средни компании во Општина Радовиш, кои се витален дел од македонската економија.

Петрова рече дека целта на ваквите посети и да се видат проблемите со кои се соочуваат овие компании и на кој начин може да им се помогне, бидејќи како што рече малите и средни компании се црвените крвни зрнца на македонската економија.

Прочитај повеќе