Connect with us

Радовиш

Ќе се одржи ли прекинатата седница на радовишкиот совет до петок, откако градоначалникот Конзулов упати јавен повик

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, јавно ги повикува  советниците и претедателот на  општинскиот Совет да ја одржат прекинатата седница најкасно до крајот на неделава и да покажат одговорност.

Со јавна објава на социјалнитер мрежи тој упати апел до советниците да не го кочат работењето на Советот а со тоа и работењето на општината.

„Јавно ги повикувам советниците и претседавачот на општинскиот совет да ја одржат прекинатата седница од 13.10 најкасно до петок (30.10).

Последните 4 месеци, Општината и сите општински институции се блокирани поради неработењето на Советот.Последиците се веќе видливи и се на штета на сите граѓани.

Се надевам на искрена соработка и очекувам до петок да ја продолжиме седницата во името на јавниот интерес. “ – Стои во објавата на Градоначалникот Конзулов

Од советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ,  по повод јавниот повик на градоначалникот Конзулов, велат дека не сакаат да бидат дел од меѓупартиската пресметка на владеачкото мнозинство.

„Ние како советничка група ова што се случува денес веќе го предвидовме и затоа понудивме решение со кое би функционирал Советот беспрекорно и без пречки. Затоа не сакаме да бидеме дел од нивната меѓупартиска пресметка и сметаме дека и граѓаните не заслужуваат вакво раштимано раководство“, стои во реакцијата од  советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 Според претседателот на Советот Викица Манолева,  тие како владеачко мнозинство веќе оставриле средба и  биле во континуитет во договор со опозицијата и  седницата веќе ја закажале за во вторник.

Една од  најважните точки  од дневниот ред на прекинатата седница, беше токму ребалансот на Буџетот, односно Предлог одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Радовиш за 2020 година.  Без донесувањето на ребалансот на Буџетот се отежнува функционирањето и на останатите јавни институции, како и реализацијата на проекти од интерес на сите граѓани.

 Инаку истиот дневен ред веќе се провлекува на неколку седници и сеуште не е изгласан од страна на советниците. Пред се станува збор за  годишни планови за вработување во ЕЛС Општина Радовиш, како и во јавните образовни институции, во училиштата, градинките во ОН Библиотека во ЈП  Плаваја и во други институции, како и усвојување на годишните извештаи  и програми за работа на истите.

Потоа предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Радовиш за 2020 година, како и изменување на програмата за јавно осветлување, одобрување на финасиски средства на спортски клубови и други предлог одлуки значајни за функционирање на институциите.

Останува да се види дали конечно советниците ќе успеат да се договорат и да ги донесат овие предлог одлуки на следната седница.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе