Connect with us

Радовиш

Како се одвива онлајн наставата во СОУ Коста Сусинов во Радовиш

Media Press

Published

на

Околу 700 ученици успешно следат онлајн настава во СОУ Коста Сусинов во Радовиш. Учениците се приклучуваат од дома а наставниците од училиште, за да се реалзира еден наставен час преку онлајн платформата.

Според директорот на училиштето засега само 5 ученици немаат услови да се приклучат и да следат настава и на нив им се доставуваат материјали.

„Онлајн е наставата, професорите предаваат од училиштето а учениците се од дома. На почетокот имавме проблеми со онлајн платформата но псотепено се решаваат. Единстевно имаме проблеми со неколку ученици  кои што немаат техничка опрема и бараме начин како и на нив да им овозможиме да ја следаат наставата. Се работи за 5 ученици од кои дел немаат компјутери, а дел немаат интернет. Засега им доставуваме материјали за да ја следат наставата и тие ученици“, рече директорот на СОУ Коста Сусинов, Гоце Лазаров.

Според Лазаров доколку се донесе одлука како што беше најавено и професорите од дома да одржуваат настава, тие се подготвени.

Во СОУ Коста Сусинов во Радовиш  ова година се запишани 128 ученици во прва година, а вкупно во училиштето учат  696.   Засега нема ученици позитивни на Ковид 19.

Радовиш

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Media Press

Published

на

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плчаковица со што целосно завршува реконструкцијата на овој патен правец. Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на одделението за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска изврши увид во работните активности.

Конзулов апелира до граѓаните да се воздржат од патување кон планината Плачковица овие денови бидејќи нема да е прооден за секаков вид на возила во време од 09.00 до 17.00 часот секој работен ден освен недела, се до завршувањето на асфалтирањето.   

Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од Шумска куќичка кон градот Радовиш,  а минатата година уште  7 колометри.   Со оваа последна фаза од околу 8 километри целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој патен правец кој води кон атрактивната и примамлива за планинарите и туристите, планина Плчаковица.

Според Градоначалникот Конзулов со ова целосно ќе биде обновен регионалниот пат кон Плачковица после 42 години.

Прочитај повеќе

Радовиш

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Media Press

Published

на

Лиле Стефанова е една од петте кандидати кои Советот на јавни обвинители со гласање ги избра, да преминат од основните јавни обвинителства каде работеле, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска. Останатите четворица се Наташа Поп-Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ

Според биографиите кои пред гласањето ги читаше претседателот на Советот на јавни обвинители, кандидатите имаат од 8 до 16 години искуство како јавни обвинители. Најголем стаж има Лиле Стефанова која веќе беше јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, до пред да премине во Специјалното јавно обвинителство.

„Лиле Стефанова работела како основен јавен обвинител во основното јавно обвинителство во Радовиш во периодот од 2004 до 2010 година. Од 2010 година до 2015 година била јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа во СЈО. Има стаж како јавен обвинител од 16 години и добиено оценка од 25 поени. “, рече претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски кој читаше дел од биографиите на обвинителите.

На огласот, распишан пред 6 месеци, се пријавиле 14 кандидати.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот

Media Press

Published

на

Денеска се одбележува Денот на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. По тој повод во Радовиш екипата на ЈП Плаваја заедно со доброволците од Црвениот крст спроведоа акција за уредување на градскиот парк на ридот.

По тој повод градоначалникот Герасим Конзулов Заедно со младите активисти на Црвениот крст засади дрвце како симбол на обновата и заштитата на природата и упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина.

На градскиот парк исто така е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци и нова фонтана. Конзулов апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема.

Во рамките на акцијата е предвидено да се чистат пешачките патеки и обраснатата вегетација, посадени се нови садници на дрвја, а старите клупи ќе бидат репарирани.

Голем проблем на општина Радовиш претставуваат и дивите депонии кои неконтролирано се прават на излезот од градот кон планината Плачковица, за кои како што рече градоначалникот Конзулов се поставуваат и прегради од земја но сепак пак се загадува.

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22 Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на животната средина и да доведат до промена на еколошката свест.

Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22 април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година.

Прочитај повеќе