Connect with us

Македонија

Премиерот Заев и министерот Филипче на отворањето на новиот производствен капацитет на медицинскиот канабис НЈСК Холдинг

Media Press

Published

on

Ппремиерот Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче,  се обратија на отворањето на новиот производствен капацитет на НЈСК Холдинг во индустриската зона Ќојлија.

Премиерот Заев во своето обраќање на отварањето истакна дека станува збор за гринфилд инвестиција од фармацевтската индустрија изградена по највисоки стандарди, со софистицирано производство и висока додадена вредност за економијата.

„НЈСК Холдинг, гради успешна деловна приказна во нашата татковина и извезува производи на сите континенти. Успехот на секоја една компанија е и национален успех. Во оваа прилика дозволете ми да упатам порака до сите претпријатија во земјата, до сите претприемачи кои имаат потенцијал за интернационално пробивање,  да ги насочат инвестициите во нови трендови и иновации,  да го искористат моментот и да се фокусираат кон производство на производи и услуги со повисока додадена вредност, подготвени за извоз. Светската економија се преструктуира, а  доколку сакаме да одиме напред ние мораме да фатиме чекор со глобалните економски трендови. Сакам да истакнам дека Владата е во комуникација со претставниците на компаниите од оваа дејност со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Во европските и светските пазари имаме стотици исклучително важни лекови кои се решение за здравјето на многу граѓани. Тоа отвора огромни потенцијали и пазари, верувам дека во таа насока Парламентот е подготвен за предложените законски измени за кои што имавме одредено блокирање во изминатиот период, а коишто со донесување на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места. Ако тоа го направиме до крајот на оваа година, следната година очекуваме преку 250 милиони евра производство на канабис за медицински цели. Тоа ќе стимулира отворање на нови високо платени работни места“, изјави Заев и додаде дека одредени индустрии, може и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да придонесат да се вратиме кон патеките на напредок и економски раст.

Заев упати пораки до инвеститорите дека секоја криза е можност за нов почеток и рече дека државата ги поттикнува тие процеси, затоа што само на тој начин, економските придобивки се неизбежни, за граѓаните, за претпријатијата и за економијата во целина.

Министерот Филипче се заблагодари на инвеститорите што, во ковид-кризата, изнајдоа сили да инвестираат во една значајна област, одгледувањето на медицинскиот канабис. Оваа област има иднина насекаде во светот и се повеќе клинички студии и докази дека медицинскиот канабис помага во многу состојби и дијагнози во сферата на медицината, пред сè во сферата на невронауката.

„Во изминатите две и пол години имавме одлична соработка, благодарение на оваа компанија на господинот Кескоски и нивните соработници успеавме и да ја официјализираме комуникацијата и соработката со т.н одделение за канабис при Германското министерство за здравство. Ова е поле кое има голема иднина, а во наши услови отвора можности и за многу работни места. Нашиот закон за опојни дроги е веќе во собраниска процедура. Ќе претрпи измени коишто дополнително ќе ги стимулираат инвеститорите, но и младите луѓе да ја гледаат иднината во нашата земја, затоа што ова значи работа за многу високо квалификуван кадар во сферата на фармацевтските науки“, потенцираше Филипче.

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading

Македонија

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Media Press

Published

on

Од вечерва цените на нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.

Регулаторна комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со престанувањето на важност на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Од вечерва ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва ќе изнесува 61,00 денар за литат, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 63,00 денари за литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 13,00 денари за литар и ќе се продава по 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се променува и останува 30,823 денари за килограм

Continue Reading

Македонија

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите

Media Press

Published

on

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус, но тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. „И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, рече Филипче.

Инаку од вчера угостителите се вратија на работното време до 21 часот, од која одлука не се целосно задоволни, бидејќи тие бараа да работат до 23 часот.

Continue Reading