Македонија
Бројот на новозаразени од Ковид-19, продолжува да расте, вчерашниот извештај со високи 445 нови случаи

Published
3 months agoon
By
Media Press
Последната дневна статистика што ја објави вчера Министерството за здравство покажуват дека скоро 20 проценти од тестираните пациенти се позитивни на корона вирусот, односно од 2.441 направен тест се регистрирани 445 нови случаи. Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 194 оздравени пациенти, а во болнички услови починаа девет лица.
Од регистрираните 445 нови случаи на ковид-19 најмногу се во Скопје 249 -Куманово 12 -Штип 13 -Прилеп 25 -Тетово 16 -Струга 7 -Велес 7 -Битола 14 -Охрид 12 -Кавадарци 3 -Гостивар 12 -Гевгелија 2 -Струмица 36 -Крива Паланка 5 -Радовиш 7 -Кочани 6 -Пробиштип 1 -Берово 2 -Виница 3 -Делчево 2 -Свети Николе 4 -Кичево 6 -Ресен 1.
Починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: -Скопје 77 -Куманово 15 -Штип 11 -Прилеп 7 -Тетово 11 -Струга 1 -Велес 1 -Битола 5 -Гостивар 12 -Гевгелија 2 -Струмица 14 -Радовиш 3 -Кочани 18 -Пробиштип 2 -Пехчево 1 -Берово 5 -Валандово 4-Виница 2 -Свети Николе 2 -Кичево 1 Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21636, бројката на оздравени пациенти е 16591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236.
Најзастапена група новозаразени од Ковид-19, според последните податоци објавени од Институтот за јавно здравје, се лица на возраст 30-39 години. Истовремено од ИЈЗ посочија дека во последниот период се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.
Освен препораките предложени од минатата недела министерот за здравство, Венко Филипче, вчера истакна дека до овој момент нема потреба од други дополнителни рестрикции поради Ковид-19. За да може сите овие препораки како што се забрана за собири повеќе од четири лица во домашни услови и носење на маска на отворено, како што изјави вчера министерот Филипче, неопходно е да се направат законски измени. Според него, најбрз начин е да се интервенира амандмански во Законот за заштита на населението од заразни болести кој е веќе во собраниска процедура.
Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври, вкупно се тестирани 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 или 32,5 отсто повеќе во однос на претходната недела. Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5 отсто во однос на претходната недела.
Поврзани содржини
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер
Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство
Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска
Регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19, во Југоистокот 13 нови случаи. 8 лица починале
Нема промена на цените на горивата на бензинските станици
Од тестирани 591 лице, регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19
Македонија
Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Published
16 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.
Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.
„Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче
Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.
Македонија
Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Published
17 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Од вечерва цените на нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.
Регулаторна комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со престанувањето на важност на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Од вечерва ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва ќе изнесува 61,00 денар за литат, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 63,00 денари за литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 13,00 денари за литар и ќе се продава по 41,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се променува и останува 30,823 денари за килограм
Македонија
Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите

Published
18 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус, но тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. „И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, рече Филипче.
Инаку од вчера угостителите се вратија на работното време до 21 часот, од која одлука не се целосно задоволни, бидејќи тие бараа да работат до 23 часот.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
