Connect with us

Гевгелија

Мониторинг-станицата за мерење амбиентален воздух во Гевгелија, во четврток ќе бида предадена во употреба

Media Press

Published

on

            На 15 октомври,  во четврток со почеток во 12 часот, ќе биде пуштена во употреба поставената мониторинг-станицата за мерење амбиентален воздух, на локацијата која беше утврдена  од Министерството за животна средина и просторно планирање со претставниците од Секторот за урбанизам, на просторот кај ГД „Сончогледи“- Гевгелија (на самиот тротоар помеѓу надворешната ограда од Градинката и улицата „Ристо Јанев“).

            На предавањето во употреба на мониторинг-станицата ќе се обратат: министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н. Е. Дејвид Гир и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

            Овој мерен пункт ќе биде опремен со инструменти за озон, азотни оксиди, сулфур диоксид и јаглероден моноксид, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори, а се набавува преку IPA-CBC проект. Станицата ќе биде поврзана со националниот софтвер за следење на квалитетот на амбиентниот воздух (AIRVIRO) и ќе биде дел од националната мониторинг-мрежа за следење на квалитетот на воздухот, со која управува Македонски информативен центар за животна средина во Министерството за животна средина и просторно планирање. Мониторинг-станицата е набавена во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија на Европската Унија, информираат од општината.

Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лице во чие возило е пронајдена марихуана

Media Press

Published

on

Од ОВР Гевгелија известуваат дека е поднесена кривична пријава против А.А.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во соопштението од ОВР Гевгелија пишува дека при вршење на работни задачи на полициските службеници во близина на градското шеталиште во Стар Дојран е извршено преглед на патничко возило „бмв“ со сопственост на лицето А.А. е пронајдена и одземена марихуана, мешавина од марихуана и тутун и дробилка со остатоци од марихуана.

На 22.08.2020 во 21,00 часот, при вршење на работни задачи од страна на полициски службеници при Одделение за внатрешни работи Гевгелија, во близина на градското шеталиште во Стар Дојран при извршен преглед во паркирано патничко возило „бмв “ сопственост на А.А. била пронајдена и

Continue Reading

Гевгелија

Зголемена комуникација на Општина Гевгелија со граѓаните, преку Систем 48 и Општинскиот центар за услуги

Media Press

Published

on

 Во последните три месеци од минатата година, преку Систем 48 и Општинскиот центар за услуги со граѓаните при Општина Гевгелија биле поднесени вкупно 247 барања од страна на граѓаните, од кои 206 веќе се решени, а другите се во постапка на решавање. Ова беше соопштено на денешната јавна презентација на Систем 48, на која присуствуваа градоначалникот на Општина Гевгелија и раководителите на општинските одделенија и сектори при ЈПКД „Комуналец“.

          Преку Систем 48 во периодот од 1 октомври до 31 декември, 2020 година, биле пријавени 91 барање од страна на граѓаните, од кои 61 биле решени. Станува збор главно за барања за дефекти во мрежата на уличното осветлување, за инспекциски надзор или за комунално уредување. Во Општинскиот центар за услуги, во Општина Гевгелија, последното тримесечие од минатата година биле поднесени 156 барања од граѓани за постапување на надлежните општински служби, од кои 145 се решени. Од нив за точна адреса биле поднесени и решени најмногу барања – 69. Додека за новородено дете биле поднесени и решени 54 брања, односно за секое новороденче Општина Гевгелија исплатила по 6.000 денари, додека за третородено дете по 12.000 денари.

           Инаку, преку Систем 48 доминираат барањата за отстранување на дефекти во уличното осветлување. Меѓутоа бројот на интервенции во јавното осветлување е значително поголем – во последните три месеци лани биле извршени 237 интервенции, од кои во Гевгелија 107, а во населените места 130. Во периодот од 1 октомври до 31 јануари, 2020 година, во Одделението за располагање со државно градежно земјиште биле водени 10 постапки за оттуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за кои биле поднесени 9 пријави за учество на јавното наддавање, 7 се отуѓени, 2 се неотуѓени, а 1 е во постапка.

           Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, се заложи за поголема афирмација и ефикасност на сите алатки за комуникација со граѓаните. Пред се, Системот 48 кој треба да им овозможи на граѓаните преку електронски пат да ги пријават своите проблеми и барања до локалната самоуправа. Притоа, беше нагласена потребата од поголема ефикасност на општинските служби, односно доставување на одговорот до граѓаните во рок од 48 часа.

Continue Reading

Гевгелија

Општина Гевгелија ќе ги распише јавните повици за обнова на патната мреже

Media Press

Published

on

Општина Гевгелија, деновиве, ќе ги распише јавните повици за изградба на нови улици, реконструкција на постојните улици, бетонирање и тековно одржување на локалната патна мрежа.

 Ова беше договорено на првиот годинешен состанок на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков со раководителите и претставниците на Секторот за урбанизам и другите општински служби околу претстојните активности. Станува збор за четири тендери со кои всушност се најавува и новата сезона за обнова и проширување на уличната и локалната патна мрежа во општина Гевгелија.

            „Во рамките на јавниот повик за изградба на нови улици, покрај другото, договорено е со новиот тендер да биде опфатено тампонирањето и поставувањето на долен строј на двете нови улици во станбената населба „Караорман“. Што се однесува, пак, до реконструкцијата и бетонирањето, со новите тендери ќе бидат опфатени повеќе улици и краци во Гевгелија и во населените места. Покрај ова, договорено е веднаш да се интервинира, со прокопување на одводен канал, меѓу бензинската пумпа „Шимов“ и каналот „Рауљ“ за решавање на проблемот со водата што се собира на овој дел од крстосницата на влезот во Гевгелија, по секој пообилен дожд“ информираат од општината.

            Во понатомошната фаза беше договорено на состанокот да се подготват тендери за реализација на проектот Градски урбан сквер, со кој се предвидува хортикултурно и партерно уредување на просторот кај стариот Градски пазар.

Исто така, како што информираат од општината  наскоро треба да започнат работите за изградба и пробивање на неколку улици во градот.  

Continue Reading