Connect with us

Гевгелија

Гевгелија доби мониторинг-станица за мерење квалитет на воздухот

Avatar

Published

на

    Денеска, во Гевгелија беше предадена во употреба мониторинг-станицата за квалитетот на амбиенталниот воздух и презентиран начинот на нејзината работа. На свеченото отворање присуствуваа: министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, шефот на Делегацијата нна Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир, кои заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, се обратија на настанот. Проектот е реализиран како резултат на соработката помеѓу: централната и локалната власт, општините од нашата држава со содедна Грција и граѓанскиот сектор од двете земји.

           „Посебно задоволство ми е што денес присуствуваме на овој настан на официјално пуштање во работа на новата станица за мониторинг на квалитетот на воздухот на територијата на Општина Гевгелија. Ова значи збогатување на националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот, со што всушност ги остваруваме нашите стратешки цели и приоретити како Министерство за животна средина и просторно планирање и како Влада. Нам, како орган одговорен за собирање на податоците и известување за квалитетот на животната средина, системот за мониторинг на квалитетот на воздухот ни користи да ги извршиме обврските за информирање на домашната јавност за животната средина, но и обврските за известување што сме ги презеле кон Европската агенција за животна средина и кон повеќе меѓународни договори во областа на животната“, истакна во воведното обраќање министерот за животна средина и просторно планирање, Нуредини.

            „Со големо задоволство ја поздравувам реализацијата на овој проект затоа што е пример за одличната соработка: помеѓу централната и локалната власт, општините од нашата држава со содедна Грција и граѓанскиот сектор од двете земји. Во време кога здравјето на граѓаните е над сите други приоритети, кога покрај загадениот воздух имаме и опасен вирус, овој проект станува уште позначаен. Како министер којшто ја има одговорноста да ја координира имплементацијата на ИПА програмата за прекугранична соработка, драго ми е што со соседна Грција решаваме заеднички проблеми. Убеден сум дека со соработка и со подобрување на квалитетот на живеење ќе успееме што побрзо да станеме дел од европското просперитетно семејство и да ја насочиме финансиската поддршка од предпристапните фондови на Европската Унија“, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

            Нагласувајќи дека реализацијата на овој проект е дел од зедничките напори за борба против загадувањето, евроамбасадорот Дејвид Гир во соето обраќање посочи:

            „Загадувањето на воздухот станува животен феномен со долгорочни апликации импликации по здравјето на луѓето. Затоа, и посветеноста на ЕУ за намалување на загадувањето на воздухот е од приоритетно значење. Во инвестициониот план на ЕУ за Западниот балкан донесен минатата недела, посебно внимание се посветува на Златната агенда, во која загадувањето на воздухот се смета за уште еден голем предизвик, особено, по пандемијата од КОВИД-19.

            Со поставување на мониторинг-станицата за квалитетот на амбиенталниот воздух во Гевгелија, за првпат ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување во овој пограничен регион. Истовремено, ќе се подигне јавната свест за заштита на квалитетот на воздухот што е посебно значајно. Изразувам благодарност за успешниот проект и посакувам со вакви проекти и во иднина да ја прошируваме прекуграничната соработка и да ги унапредуваме добрососедските односи со Република Грција“, истакна градоначалникот Поцков.

            Мониторинг станицата е набавена преку проектот „Развој и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот“ кој се спроведува во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а истиот е финасиран од Interreg-IPA CBC програмата помеѓу Македонија и Грција.

            За реализација на овој проект, Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка го финансираше проектот во вкупна вредност од скоро еден милион евра за двете држави, а националното кофинансирање во вредност од 15% го обезбеди Министерството за локална самоуправа.

Гевгелија

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, вчера беше во посета на Богданци и Гевгелија.

На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени.

Носителот на ИЕ 4, Јанчев, истакна дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.

Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.

Гевгеличани на плоштадот во Гевгелија ја изразија целосната поддршка и порачаа дека мудроста на Ванковска и младоста и силата на Левица се иднината и спасот на Македонија.

После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на гевгелиските евреи кои биле депортирано од бугарскиот фашистички окупатор и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе