Македонија

МОН: 98% од децата од прво до трето одделение седнаа во училишните клупи, онлајн наставата е стабилна

Министерството за образование и наука информира дека првиот училишен ден во основните и средните училишта помина во најголем дел успешно. Настава со физичко присуство во основните општински училишта започна за речиси сите деца од прво до трето одделение,односно 98% седнаа во училишните клупи, а останатите 2% одлучија наставата да ја следат од далечина. Наставата со физичко присуство се организираше согласно протоколите утврдени од здравствените власти, со цел максимално да се намалат ризиците од ширење на КОВИД-19 и да се заштити здравјето на сите учесници во образовниот процес.

Во однос на онлајн наставата МОН информира дека досега околу 70% од учениците и наставниците во средните и основните училишта се вклучиле успешно, или со помали проблеми ги одржале онлајн часовите. Од друга страна, 20% од учесниците на онлајн часовите во основно образование пријавиле проблеми во најголем дел со опремата со која располагаат училиштата, интернетот, или опремата на учениците. МОН е во постојана комуникација и координација со општините и директорите на училиштата за надминување на овие предизвици.

Од утрово успешно се реализира и емитувањето на 15 минутните часови на телевизија преку Националната радио телевизија за што однапред се објавени распоредите.

Платформата за онлајн предавања поставена преку Microsoft teams е стабилна и досега не се детектирани покрупни проблеми. МОН, заедно со сите учесници во креирање на платформата продолжува и понатаму будно да ја следи состојбата на терен, информираат од Министерството. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago