Радовиш

Донација на ИКТ опрема за реализација на е-наставата за потребите на училиштата во општините Радовиш и Конче

Рудниците Бучим и Боров Дол донираа соодветна современа ИКТ опрема на учениците и основните училишта во Радовиш, Конче, с. Ораовица и с. Ињево, во висина од 8.400 евра за да се обезбеди непречено функционирање на образовниот систем во овие вонредни ситуации и услови предизвикани од вирусот КОВИД-19, во кои наставата ќе се одвива преку далечинско учење.

Со цел да се помогнат учениците и училиштата што е можно поуспешно да се справат со ситуацијата настаната од пандемијата, Боров Дол набави таблети и обезбеди достап до интернет за учениците од ООУ “Гоце Делчев” од социјално загрозените семејства од општина Конче, додека пак Бучим донираше компјутерска опрема за потребите на основните училишта “Крсте Петков Мисирков” – Радовиш, “Кирил и Методиј” – с. Ораовица и “Орце Николов” – с. Ињево.

Со оваа донација, рудниците придонесуваат за обезбедување на услови за реализирање на наставата од далечина и услови за учениците да можат да ја следат онлајн наставата во тековната учебна година.

“Поддршката на образованието е дел од нашата социјална политика и ние постојано инвестираме во развојот на оваа област, со цел да им помогнеме на младите да се развиваат и образуваат, обезбедувајќи поддршка на училштата кога и да имаат потреба, а особено сега, во време на корона кризата кога им е најпотребно,” изјави Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

” Имајќи ги предвид настанатите промени во одвивањето на наставните програми и фактoт, дека има ученици кои немаат дигитални уреди и интернет пристап за следење на онлјан наставата, обезбедивме техника која е неопходна за одржување на задолжителната онлајн настава и создадовме еднакви услови за учење за сите деца, ” истакна Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago