Македонија
МОН: 98% од децата од прво до трето одделение седнаа во училишните клупи, онлајн наставата е стабилна
Објавено на
Од
Media Press
Министерството за образование и наука информира дека првиот училишен ден во основните и средните училишта помина во најголем дел успешно. Настава со физичко присуство во основните општински училишта започна за речиси сите деца од прво до трето одделение,односно 98% седнаа во училишните клупи, а останатите 2% одлучија наставата да ја следат од далечина. Наставата со физичко присуство се организираше согласно протоколите утврдени од здравствените власти, со цел максимално да се намалат ризиците од ширење на КОВИД-19 и да се заштити здравјето на сите учесници во образовниот процес.
Во однос на онлајн наставата МОН информира дека досега околу 70% од учениците и наставниците во средните и основните училишта се вклучиле успешно, или со помали проблеми ги одржале онлајн часовите. Од друга страна, 20% од учесниците на онлајн часовите во основно образование пријавиле проблеми во најголем дел со опремата со која располагаат училиштата, интернетот, или опремата на учениците. МОН е во постојана комуникација и координација со општините и директорите на училиштата за надминување на овие предизвици.
Од утрово успешно се реализира и емитувањето на 15 минутните часови на телевизија преку Националната радио телевизија за што однапред се објавени распоредите.
Платформата за онлајн предавања поставена преку Microsoft teams е стабилна и досега не се детектирани покрупни проблеми. МОН, заедно со сите учесници во креирање на платформата продолжува и понатаму будно да ја следи состојбата на терен, информираат од Министерството.
Поврзани содржини

Учениците дел од проектот СПОРТ ЗА СИТЕ од двете партнерски училишта, од Радовиш и од Руски Крстур, Србија беа во посета на Општина Радовиш

Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во посета на општина Василево

Срдечно беа пречекани првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Радовиш, кои за прв пат седнаа во училишните клупи

Во СОУ Коста Сусинов во Радовиш по втор пат се спроведува Access програмата, двегодишна програма за учење на англиски јазик

Градоначалникот на Општина Ново Село изврши прием на наставници и ученици

Дисеминациска сесија во подрачното училиште на ООУ ,,Коста Рацин”во с.Јаргулица

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

