Connect with us

Македонија

Средношколците на состанок на Комисијата за заразни болести

Виолета | Media Press

Published

on

Претставници од Сојузот на средношколци денеска присуствуваа на состанок на Комисијата за заразни болести, за детално да бидат запознаени со актуелната состојба со Ковид -19, информира министерот за дравство Венко Филипче.

На состанокот, како што се посочува, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од кои најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година.

„Им ги презентиравме извештаите со деталната состојба на Ковид-19 во земјава, но најважно од се‘ дискутиравме за периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно.

Ги информирав средношколците дека сите мерки и протоколи се донесени врз стручни анализи и препораки на Комисијата и се во интерес на заштитата на нивното здравје. Периодот кој следи може да биде ризичен и да донесе зголемен број заразени па затоа нагласив дека е потребно разбирање и соработка од сите, особено од младите.

Се‘ може да се надомести, но здравјето и човечкиот живот не. Се договоривме да продолжиме со комуникација и понатаму, се‘ со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година“, објави Филипче.

 Инаку средношколците најавија протес за 31 август, против онлајн наставата како предлог за новата учебна година.

Македонија

Изгласани измените на Законите за основно и средно образование

Виолета | Media Press

Published

on

Собранието вчера ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на наставата во државата и во време на вонредни околности, каков што е случајот со пандемијата со Ковид-19.

Со законските измени, се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно- образовен процес и тоа во повеќе случаи: во услови кога има утврдена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави, или други големи природни непогоди.

Во вакви вонредни услови,  наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите организирањето на наставата со физичко присуство на учениците  ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта, донесени од Владата.

 Со законските измени се прават и исклучоци во однос на започнувањето  и завршувањето на учебната година за време на вонредни околности така што, учебната година може да започне и заврши и во време различно од времето кога вообичаено започнува учебната година, за што ќе одлучува Владата.

Измените на двата закона предвидуваат и наставниот час да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство, а предвидено е и можност за кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100 дена.

Continue Reading

Македонија

Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Виолета | Media Press

Published

on

По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест, вчеравечер во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски се одржа стручно предавање од областа на медицината чија цел е подигнување на свеста за постоењето на Алцхајмеровата болест преку  едукативни предавања.

На настанот којшто е дел од иницијативата на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска за  трансфер на знаења и размена на идеи и искуства со младите кои студираат на факултетите од областа на медицинските науки, присуствуваше Министерот за здравство Венко Филипче, студенти од Медицинскиот факултет, млади лекари и  специјализанти.

На тема  “Алцхајмерова болест-тивка епидемија на 21 век“ свое предавање имаше асист. д-р sci Габриела Новотни, од Медицинскиот  Факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, која за Алцхајмеровата болест рече дека полека , но сигурно станува тивка епидемија на 21.век.  Според Новотни, во светот има околу 50 милиони заболени од оваа болест, а до 2050 година се очекува оваа бројка да се триплира. Таа истакна дека со оглед на тоа дека се идентификувани ризик факторите кои се типични кај нашата популација, треба да се направи чекор понатаму кон превентивна стратегија или истата да се вклопи во  идна национална стратегија за превенција на деменцијата.

За врската помеѓу Aлцхајмеровата и парадонталната болест со свое предавање на настанот учествуваше и проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот  на Стоматолошкиот факултет при  Универзитет “Св. Кирил и Методиј“.  „Ако тргнеме од ставот дека превенцијата на пародонталната болест би можела да го намали ризикот од деменција, доаѓа и сугестијата дека воведување на здрави навики уште во најрана возраст можат да помогнат во одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест“, истакна проф. д-р Митиќ.

Оваа иницијатива која започна во февруари годинава, со предавањето на  министерот за здравство, Венко Филипче, од областа на неврологијата, а реализирано во канцеларијата на Претседателот, МладиХаб продолжи минатиот месец во Кабинетот на Претседателот со стручното предавање на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“.

На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи истите се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување на нови иницијативи.  Воедно, оваа иницијатива на студентите и младите лекари им овозможува да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот, информираат од кабинетот на претседателотот Пендаровски.

Continue Reading

Македонија

7 пациенти починале од корона вирус и 45 нови случаи биле регистрирани за 24 часа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на коронавирус. Починале седум лица, а оздравеле 86 заболени. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 достигна 700.

Најголем број од новите случаи се од Скопје – 10 и Кочани – девет.

Пет случаи се потврдени во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, два нови случаи во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading