Радовиш
Две победи на РК Радовиш во контролните натпревари против Тиквеш и Богданци
Објавено на
Од
Media Press
Ракометарите на Радовиш одигра тест-натпревари со тимовите Младост од Богданци и новиот суперлигаш Тиквеш. Во првиот одигран натпревар со Тиквеш во Кавадарци минатата недела, Радовишани издвоија победа од 31-34 на гостински терен.
На натпреварот со
Богданци, Радовишани по втор пат издвојуваат победа овој пат на домашен терен
со резултат 31:24. Доминацијата на Радовиш се покажа уште во првото полувреме кое
се заврши со шест голови разлика.
Овие резултати покажуваат дека тимот на Радовиш е сериозен противник во Супер лигата.
Покрај Охрид и Пролет, Радовиш ќе цели кон третото место на табелата.
Следен натпревар на тимот од Радовиш е во Среда, 26 Август во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш каде повторно ќе се игра против тимот на Тиквеш.
Поврзани содржини

РК Радовиш, утре ќе биде домаќин на РК ВАРДАР Неготино

Утре, во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Скопје

РК Радовиш ја започнува натпреварувачката сезона во Сабота, на домашен терен против екипата на РК Јуниор

РК Радовиш останува во Суперлигата со убедлива победа во баражот против прволигашот Шампион

РК Радовиш со нов тренер, Бошковски доаѓа на местото на Љупче Мијалов, кој си поднесе оставка

Ракометарите на Радовиш ќе ги одмеруваат силите со Металург
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

