Connect with us

Радовиш

Утре, во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Скопје

Avatar

Published

на

РК Радовиш активно се подготвува за натпреварот во СУПЕР ЛИГА со РК Скопје, кој ќе се одигра на домашен терен, во Спортската сала “25 во Радовиш, утре, сабота 22 октомври, со почеток во 18 часот.

„Иако досега немавме поголеми успеси сепак се чувствуваме подготвени за утрешниот натпревар и алудираме на победа. Ја повикуваме радовишкта публика да дојде во што поголем број за да не бодри од трибините“, рече Живко Андонов, член на тренерскиот тим на РК Радовиш.

Инаку РК Радовиш одигра 5 натпревари од кои 2 нерешени и 3 порази. За натпреварот со РК Скопје активно се подготвуваат и се надеваат на победа, да ги израдуват радовишани и нивните поддржувачи.

Радовиш

Според полицискиот билтен викендот во Радовиш имало сообраќајна несреќа, опожарена куќа и пријава за физичка пресметка

Avatar

Published

на

На 06.04.2024 бо 12.05 часот во Полициската станица Радовиш, Р.Р.(30) од село Трпејца, охридско, пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект во Радовиш бил физички нападнат од В.Ј.(32) од Радовиш. Полициската станица Радовиш, по целосно расчистување на случајот, ќе поднесе соодветна пријава.
На 07.04.2024 во 01.10 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен Р.Е.(18) од село Раклиш, радовишко. Тој, претходно, на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш учествувал во физичка пресметка со Д.В.(48) од Радовиш и двајца малолетници од село Подареш, радовишко. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.04.2024 во 22.35 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќата на М.А. на улица „Шаин маале“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.
На 06.04.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Тополница, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(24) од Радовиш, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Р.Ц.(23) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна дебата одржана во Радовиш, дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ денеска се одржа во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш,  во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“. На Јавната дебата присуствуваа голем број гости и учесници покрај од Општина Радовиш и од основните училишта „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и „Орце Николов“ од Ињево, како и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Радмила Стојковска Алексова – Претставник од Здружението „Отворете ги прозорците“ истакна дека оваа јавна дебата е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Околу потреби, иницијативи и планирани чекори за поддршка на инклузијата во општина Радовиш зборуваше Весна Конзулова како претставник од општината.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

За улогата на локалната и бизнис заедницата во поддршка на инклузијата  како позитивна практика од организирање фандрејзинг настан  зборуваше Гордана Здравковска директорка на ООУ: Крсте Петков Мисирков, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Активно се работи на изградба на новиот Градски пазар во Радовиш

Avatar

Published

на

Две недели по ставањето на камен темелник на новиот Градски пазар во Радовиш, активно се работи и пазарот наликува на вистинско градилиште.

Градоначалникот Ацо Ристов денеска изврши увид во работните активности но и притисок врз изведувачите да се заврши во предвидениот рок.

„Еве како што гледате, по две недели од поставувањето на камен темелник, течат работните активности за изградба на Градскиот пазар. Иако имаше и скептици дека ќе се изгради новиот пазар, јас се надевам дека се ќе биде завршено во предвидениот рок“, рече градоначалникот Ристов .

Градоначалникот апелира до граѓаните за стрпливост и разбирање што работните активности се одвиваат во овој период од годината и што мораше да се направи времена дислокација на пазарот.

Градскиот пазар е еден од капиталните проекти кои ги предложи градоначалникот Ристов во својата програма.

Прочитај повеќе